Синдикатите бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

February 12, 2024
1 min read

Синдикатот на Клинички и Гранковиот синдикат денеска на прес-конференција побараа новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Владата.

Претседателите на овие синдикати, Предраг Серафимовски и Љубиша Каранфиловски појаснија дека целта е да се информираат вработените во јавното здравство за активностите по потпишување на последниот анекс од 10 октомври, а по најавеното покачување на минималната плата од страна на Владата од месец март на 22.700 денари.

– Во договор, ние формиравме тим заедно со Министерство за здравство за изработка на анекси за корекција на коефициентите на сите профили во здравството, динамика на исплата на истите. По неколку состаноци постигнавме договор со министерот за здравство, рече Серафимовски.

Како што беше кажано на прес-конференцијата, анекси се уште не се потпишани и тоа не е прифатливо за синдикатите.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вооружен маж упадна во бродска компанија во Атина и уби три лица

Следно

Стружанец со ловечка пушка пукал кон кучиња

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop