Симон Трпчески и „Македонисимо“ утре ќе одржат концерт во Секирник, родното место на мајката му, специјален гостин е мајсторот на кавал, Сашо Митев

August 25, 2023
1 min read

Пијанистот со светски глас Симон Трпчески и „Македонисимо“ утревечер (сабота, 26 август) пристигнуваат во Секирник, Општина Босилово, Струмица, во подножјето на планината Беласица, родното место на мајката на Трпчески.

Концертот закажан за 20 часот во дворот на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Секирник е со слободен влез за сите заинтересирани. Така беше и со претходните изведби на „Македонисимо“ во Македонија во струшкото село Збажди, Скопје, Штип, Битола и Дојран.

Специјален гостин на концертот ќе биде нашиот мајстор на кавалот, Сашо Митев, најавија од  здружението „КултурОп“.

Со овој концерт стартува Балканската турнеја на „Македонисимо“, што ќе трае до октомври и ќе ги вклучи настапите во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Романија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 10 МИНУТИ интервју со премиерот Димитар Ковачевски

Следно

Епл предупреди да не се спие до Ајфон што се полни

Latest from Blog

ВЕ БОЛАТ КОЛЕНАТА И КОСКИТЕ? Вклучете го ова во исхраната и зглобовите ќе бидат како „подмачкани“

Правилната исхрана богата со специфични нутриенти може да игра клучна улога во зачувувањето и можната регенерација на ’рскавицата, како и во долгорочното здравје на зглобовите. Болките во зглобовите и колената стануваат сè
Go toTop