Сувото месо се чува во замрзнувач до 12 месеци

December 24, 2025
1 min read

Сувото месо, како храна, честопати се наоѓа во многу домаќинства, па познавачите наведуваат дека многу луѓе прават грешки во чувањето.

Како правилно да ја складираат оваа храна? Се истакнува, пред сѐ, дека е важно да се обрне внимание на тоа колку долго сувото месо може да остане во фрижидер или замрзнувач, а да се сочува безбедно за употреба. Покрај тоа, сувото месо не е исто во секоја фаза од подготовката. Рокот, на пр. зависи од тоа дали месото е свежо купено, солено, чадено или термички обработено. Токму тука се јавуваат некои од проблемите, бидејќи честопати сите видови месо се ставаат во истиот дел од фрижидерот, без размислување, пишува порталот „Кликс“.

Необработеното суво месо што сè уште не е солено или чадено може да се чува три до четири дена во обичен фрижидер, и тоа – само во најстудениот дел. Потоа, ризикот од расипување нагло се зголемува. Поради оваа причина, се препорачува што е можно побрзо да се посоли, термички да се обработи, да се расече и да се префрли во замрзнувачот.

Кога говориме за чадено и солено суво месо, случајот е поинаков. Таквото месо може да се чува во фрижидер до три месеци, под услов да е правилно спакувано и да не е изложено на влага. Чадот и солта се природни конзерванси, се вели, но тоа не значи дека месото може да стои бесконечно.

Ако е подготвена поголемо количество сушено месо и знаете дека нема брзо да го употребите – замрзнувачот е најдобро решение. Сувото месо треба да биде цврсто завиткано во најлонска или вакуумска ќеса, на таков начин што нема да има допир со воздух. На овој начин, може да се чува до 12 месеци, без многу губење на вкусот и квалитетот. Исто така, по одмрзнувањето – месото не се замрзнува повторно.

Ако забележите промена во мирисот, бојата или текстурата на месото, ова е јасен знак дека тоа треба да се фрли.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Најдобрите студенти од Факултетот за безбедност директно ќе се вклучуваат во МВР

Следно

ТУРИСТИТЕ И ГРАЃАНИТЕ И ВО НЕДЕЛА И ВО ПРАЗНИК ЌЕ МОЖАТ ДА КУПУВААТ НА ШИРОК СОКАК

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop