Силјановска очекува поголема победа на 8 мај, Пендаровски вели работивме во интерес на граѓаните

April 28, 2024
1 min read

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова очекува, како што вели, уште поголема победа во вториот круг, зашто ќе се одржи заедно со парламентарните избори. Таа од Ростуше, на противкандидатот му порача да размисли зошто граѓаните не гласале за него, наместо да дава изјави дека сега се започнувало од нула. Според неа, резултатите од првиот круг било лесно да се предвидат.

„Можеше да се предвиди, ама ние од скромност, ама ние од скромност велевме дека „победата ќе биде силна“. Јас сум убедена и им се чудам, бидејќи мене ми е тоа струка и знам со бројките на изборите како да оперирам, знам што ќе се случува и многу смешно е да речете дека „да, да, грешевме, ама сега ќе се поправиме“. Резултатот апсолутно покажува дека шанса за опоравување кај нив нема“, рече Гордана Силјановска Давкова – кандидат за претседател.

Од друга страна, кандидатот Стево Пендаровски од Охрид рече дека и тој и актуелната политичка гарнитура правеле грешки, но работеле исклучиво во интерес на граѓаните. Тој додаде дека тие не ги кршеле процедурите на демократијата во Парламентот и не монтирале политички процеси. Пендаровски изрази жалење што наместо ВМРО-ДПМНЕ да се извини за случувањата од 27 април, нивната кандидатка најавувала амнестија.

„После седум години се правите како ништо да не се случило. Народски се вели „да се правиш на удрен“ и да бараш власт за истите тие луѓе кои влегоа внатре. Буквално човек број два таму, број три, број пет, кандидати за пратеници, носители на листи, беа истите луѓе кои учествуваа во таа работа, а ние од оваа страна во нивниот речник сме насилниците. Тие биле патриоти кои ја бранеле Македонија, а ние сме сакале да ја урнеме. Значи, се обратно од она што во судска постапка беше утврдено“, нагласи Стево Пендаровски – кандидат за претседател.

Разликата меѓу двајцата кандидати во првиот круг изнесуваше над 182 илјади гласови./Алсат.мк

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Харви Вајнштајн примен во болница

Следно

Бројот на Палестинци загинати во израелските напади во Газа достигна 34.454

Latest from Blog

ТРАГИЧНА СУДБИНА НА АКТЕРОТ ЏЕЈМС РЕНСОН Си го одзел животот по години борба со зависност и трауми од детството

Светските медиуми јавуваат за смртта на американскиот актер Џејмс Ренсон, кој извршил самоубиство со бесење. Веста првично ја објави TMZ, а подоцна беше потврдена и од Канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот

Сѐ повеќе луѓе ги минуваат празниците сами! Празничните очекувања водат до стрес и традициите се менуваат

Големите семејни собири, обемните подготовки, празничните патувања и купувањето подароци можат драматично да го зголемат нивото на стрес. Но, сѐ поголем број луѓе почнуваат да се прашуваат дали навистина мора да биде

Граничните премини кон Грција ќе бидат отворени за КАТОЛИЧКИ БОЖИК И ЗА НОВА ГОДИНА

Граничните премини кон Грција ќе бидат отворени за патниците за време на католичкиот Божик и за Нова година, информираа грчките медиуми откако земјоделците одлучија да направат пауза и да им овозможат на

Винисиус влезе во војна со навивачите: По свирежите на „Бернабеу“ ја смени сликата од Реал на Инстаграм

Реал славеше на последниот натпревар против Севиља со 2-0 на домашен терен, но главната приказна на натпреварот беше исвиркувањето на бразилскиот напаѓач Винисиус од домашните навивачи. Вини беше капитен на натпреварот против

Тешка несреќа во Египет: Се судриле два брода на крстарење по Нил, едно лице загина

Патувањето по реката Нил се претвори во кошмар за италијанските туристи кога нивниот крузер се судри со друг крузер на популарната египетска туристичка дестинација Есна. Властите во Египет веднаш започнале истрага за причината на несреќата и
Go toTop