Силен дожд во источна Австралија, опасни поплави во Сиднеј, спасени 152 лица

April 6, 2024
1 min read

Австралиските власти соопштија дека 152 лица се спасени од поплавите во источната држава Нов Јужен Велс по обилните дождови што предизвикаа предупредувања за жителите да се преселат на повисоките места.

Властите соопштија дека биле извршени 72 спасувања во најголемиот австралиски град Сиднеј, каде што дојде до опасни поплави во неколку ниски предградија.

На сила беа 15 наредби за итна евакуација низ целата држава, објавија службите за итни случаи, кои добиле 4.128 повици за помош во 24-часовен период.

„Водостојот на некои реки сè уште расте, особено во западниот дел на Сиднеј“, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс на прес-конференција.

Југоисточна Австралија вчера ја зафатија поројни дождови, што предизвикаа предупредувања до жителите да избегнуваат непотребни патувања и да останат во затворени простории.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Приведени братот и таткото на еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ

Следно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop