Сиљановска Давкова: Свети Климент е еден од најголемите столбови на македонската духовност

December 5, 2024
2 mins read

Свети Климент е еден од најголемите столбови на македонската духовност првиот словенски епископ, учител, книжевник, и основоположник на писменоста на нашиот народ. Нека неговиот дух продолжи да биде светлина што ќе го осветлува патот на Универзитетот во Битола, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

На свечена академија организирана по повод патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, претседателката Сиљановска Давкова порача Универзитетот „Св. Климент Охридски“ да продолжи да биде симбол на стремежите за напредок, чувар на љубовта кон јазикот, книжевноста и образованието, воден од вечната инспирација на својот патрон.

-Нека оваа институција биде пример за тоа како традицијата и современоста можат да се спојат, како знаењето може да биде сила што ги движи нашите општества напред. Нека остане светилник што ќе ги инспирира идните генерации, водејќи ги по патот на Свети Климент – патот на знаењето, мудроста и духовното издигнување. Тој е патрон на нашиот јазик, образование и книжевност – темели на кои почива нашето културно и духовно наследство, истакна Сиљановска Давкова.

Пред академскиот аудиториум во Битола, претседателката Сиљановска Давкова потсети дека речта „универзитет“ е повеќе од збор – таа е симбол на знаење, темел на прогресот и аманет од генерациите кои го осветлиле патот на човечката мисла. Во овој збор одекнуваат гласовите на минатото, се кршат предизвиците на сегашноста и блескаат надежите за иднината.

-Одбележуваме 45 постоење на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, институција која со својата мисија ги проширува хоризонтите на знаењето, ги инспирира младите умови и стои како темел на образованието, науката и културата во Југозападниот регион и пошироко. Денешниот јубилеј е сведоштво за четири и пол децении исполнети со труд, визија и посветеност. Свети Климент, неслучајно Универзитетот го носи неговото име. Во секоја буква од името се втиснати вековите што сведочат за нашата истрајност и нашата посветеност на образованието како највозвишена цел. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е неразделен дел од мозаикот на нашите визионерски стремежи, дел што го осветлува патот кон изградба на попросперитетна Македонија, заснована врз темелите на знаењето и духовниот подем. Говорењето за неговите научни и академски достигнувања – дела што инспирираат восхит и заслужуваат почит – ме исполнува со длабока гордост и храброст. Свети Климент, чиј дух живее во секој агол од оваа институција, не би сакал само да се слави неговото дело, туку неговата мисија да продолжи. Да создаваме, да учиме, да пренесуваме, да ја негуваме писменоста, да го шириме знаењето, да ги инспирираме идните генерации да го променат светот, нагласи Сиљановска Давкова.

Во реформските активности и промените во високото образование директно ќе помогне и ги афирмира и УКЛО, посочи ректорот Игор Неделковски затоа што како што рече акцент е квалитетот.

-Јавно порачувам дека државата секогаш во УКЛО ќе има најсилен поддржувач и сојузник во имплеметација на политиките за зголемување на квалитетот на високото образование и науката. Посочуваме дека за да сериозно се зајакнат, универзитетите треба да се подмладат и не само преку вработување на млад наставнички кадар туку и преку стипендирање на докторските студии. Секаде во светот докторантите со своите истражувања се ударната тупаница на универзитетите, но за жал во Македонија младите докторнати не само што не добиваат надомест туку и лично плаќаат школарина за своите докторски студии. Со финансирање на докторските студии, државата покрај што ќе обезбеди научен подмладок на универзитетите, истовремено ќе овозможи зголемена конкурентност и иновативност на стопанството бидејќи поголем дел од докторантите по завршувањето на своите докторски студии ќе треба да се вработат во стопанството или да основаат свои старт-апи базирани на научни истражувања, истакна ректорот Неделковски.

На свеченоста во Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ ги награди најдобрите научни работници и студенти, и промовира нови доктори на науки.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Од 15 декември до 15 јануари: Се намалуваат цените на над 600 производи

Следно

Романија обвинува за странско мешање во претседателските избори

Latest from Blog

Охрид преполн за празниците

Охрид е целосно резервиран за прославата на Нова година. Во приватното сместување веќе се бара место повеќе, одлична исполнетост имаат и хотелите на ривиерата. Цената за ноќевања се движи од 60 до

Турскиот претседател Ердоган ги прими акредитивните писма од новите амбасадори во Туркије

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги прими акредитивните писма од новоименуваните амбасадори во земјата, јавува Анадолу. 
Во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара, Ердоган одделно ги пречека Муктеш

Израелски воени авиони извршија нови воздушни напади во Јемен

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелските воени авиони денес извршија нов бран воздушни напади во Јемен во услови на зголемени регионални тензии поради израелската геноцидна војна врз Газа, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу. Новите

Се проверуваат 6 јавни набавки во „Државна лотарија“, ОЈО бара одземање на пасошот на Ајрули

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две физички и едно правно лице. Првопријавениот, во својство на претседател на Управен одбор – Генерален

Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две физички и едно правно лице. Првопријавениот, во својство на претседател на Управен одбор – Генерален
Go toTop