Сиљановска-Давкова разговараше со претставници на „Habitat for Humanity International“ и на „Хабитат Македонија“

October 8, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска разговараше со претставници од САД на глобалната мрежа „Habitat for Humanity International“, како и со националниот директор на „Хабитат Македонија“, Зоран Костов и со претседателот на Управниот одбор, Драган Малиновски.

Таа, најпрво им ја честиташе дваесетгодишнината од основањето, посакувајќи им понатамошен успех во реализацијата на благородната идеја за градење свет во којшто секој ќе може да го оствари правото на пристојно живеење.

За неа, импресивна и инспиративна е нивната несебична заложба и неуморна работа насочена кон подигање на квалитетот на домувањето на сиромашните луѓе, неможна без волонтирање, застапување и подигање на јавната свест за поголема солидарност во развојот на заедницата.

„Ние, како и многу други држави мора да вложиме особен напор во унапредувањето на квалитетот на живеењето, секаде и за сите, ставајќи крај на супстандардните услови во некои средини, недостојни за живот“, смета претседателката.

Претставниците на „Habitat for Humanity International“, со љубов и страст зборуваа за своите ангажмани во справувањето со енергетската сиромаштија и гарантирањето стандарди во нејзиното користење ширум светот, потенцирајќи дека се трогнати од добрината, благодарноста и активноста на македонските граѓани.

Тие ја истакнаа незаменливата улога на невладините организации, како кредибилни партнери на овој план и укажаа на неопходноста од постојана и интензивна владино-невладина соработка во функција на остварување подобри резултати.

Македонските претставници ја презентираа својата досегашна работа, насочена кон овозможување инклузивен и одржлив развој на сиромашните средини, како ромските, но и други, со финансиска помош на ЕУ.

Тие ги посочија активните проекти во повеќе од 30 општини, како и пионерските партнерства со институциите за микрофинанисирање.

Соговорниците се согласија за нужноста од стратешки пристап кон домувањето за да се намали, па и спречи егзодусот на најквалификуваниот кадар, како неспорен и докажан промотор на иновации и главен носител на развојот во сите средини.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Халид Бешлиќ ќе биде погребан покрај Кемал Монтено- не му се исполни желбата да снимат дует

Следно

Официјално: Салах го однесе Египет на СП 2026!

Latest from Blog

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop