Сиљановска-Давкова: Осумте децении работа на НУУБ ,,Св. Климент Охридски – Битола се долго духовно патување

March 29, 2025
1 min read

Осумте децении работа на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се долго духовно патување, посветен труд за зачувување и збогатување на библиотечниот фонд, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на свеченоста по повод одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на оваа Национална установа.

Претседателката ја истакна длабоката духовна и културна вредност на библиотеката, опишувајќи ја како „тврдина на идентитетот“ и „космос на знаење“.

Осврнувајќи се на улогата на библиотекарите, Сиљановска-Давкова ги нарече „храбри чувари на пишаниот збор“ кои се бореле против заборавот, цензурата и варварството низ историјата.

Таа нагласи дека и покрај напредокот на технологијата и дигиталниот свет, книгата останува темел на мислата и културното издигнување.

Претседателката, како библиофилка, сподели лична и емотивна приказна поврзана со признанието што ѝ беше врачено вчеравечер – момент што ѝ ги разбуди спомените на првата награда добиена уште во детството, токму за „најверна читателка“, признание коешто ја прејудицирало нејзината трајна сродност со книгите.

Во своето излагање таа оддаде почит и на делото на Горан Стефановски, потенцирајќи ја неговата способност да го опише духот на времето и да ги отвори вратите кон суштинските прашања на современото општество.

-Вљубена сум во книгите, во прашање е доживотна фатална врска меѓу мене и книгите, рече претседателката, испраќајќи силна порака за љубовта кон читањето.

На крајот, Сиљановска-Давкова го честиташе јубилејот, изразувајќи уверување дека библиотеката ќе продолжи да биде светилник на знаењето, дом на книгата и место каде што се гради иднината преку мудроста од минатото.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошевски: Ги посветувам головите на настраданите во Кочани

Следно

ОН: Хуманитарните операции во Мјанмар се отежнати поради оштетување на патиштата и инфраструктурата

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop