Тошевски: Ги посветувам головите на настраданите во Кочани

March 29, 2025
1 min read

Македонскиот репрезентативец Давид Тошевски денеска постигна хет трик за својот тим Аустриа Клагенфурт на гостувањето кај Хартберг и на тој начин буквално сам што се вели го победи ривалот.

Триумфот од 2:3 е дело на нашиот напаѓач, кој очигледно дека во Австрија ја пронајде својата идеална фудбалска средина и почна да го покажува својот полн голгетерски потенцијал.

-Навистина се чувствувам супер. Голем, огромен момент за мене. Од повеќе аспекти. Голгетерски, затоа што очигледно дека ми „тргна“ што се вели, мотивациски затоа што ова ќе ми биде само потстрек за уште повеќе да се залагам на терен, и конечно играчки што докажувам дека сум на ниво да се носам со оваа силна конкуренција, рече Давид Тошевски по денешните три гола, пренесе СпортСпорт.

„Ја зедов топката со мене. Спомен секако. Тешко ми е да зборувам во овие моменти за некаква радост. Во мислите ни се сеуште на сите настраданите во Кочани. Головите им ги посветувам нив. И на оние кои што не се повеќе со нас, и на оние кои што се опоравуваат. Сочувство уште еднаш до семејствата, до сите оние кои загубија некого“,  изјави за Спортспорт, Давид Тошевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ужас во Хрватска: 62-годишна жена си ја убила својата мајка

Следно

Сиљановска-Давкова: Осумте децении работа на НУУБ ,,Св. Климент Охридски – Битола се долго духовно патување

Latest from Blog

18,3 милиони денари промет на Македонската берза – НЛБ Банка на врвот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 03.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.185,75 поени. Во однос

Проданоски: 49% од прилепчани селектираат отпад – Прилеп останува лидер во Македонија

Прилеп продолжува да биде меѓу лидерите во Македонија кога станува збор за селекција на отпадот. Според најновото истражување на „Пакомак“, дури 49 проценти од граѓаните на Прилеп селектираат отпад за рециклирање. Ова

Лаутаро: Гласините за мој трансфер во Барса беа вистинити!

ФОТО: Inter/FB Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, конечно го прекина молчењето за постојаните шпекулации што го поврзуваат со трансфер во Барселона, потврдувајќи дека интересот на каталонскиот клуб е реален. Во изјава за
Go toTop