Сиљановска Давкова на состанок на Процесот Брдо-Бриони

October 7, 2024
1 min read

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Црна Гора, по повод учеството на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на покана на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Од Кабинетот на Сиљановска Давкова денеска информираа дека темите на дискусија на кои се фокусира самитот се надоврзуваат на декларацијата усвоена на минатогодишниот состанок на Процесот Брдо-Бриони и ги адресираат прашањата поврзани со младите и младинските политики, потребата од поголемо регионално поврзување, одржливиот развој и заштита на животната средина, како прашања од заеднички интерес за земјите од Западен Балкан.

На самитот што се одржува во Тиват и чиј домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, предвидено е учеството и на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, Жељка Цвијановиќ и Жељко Комшиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Процесот Брдо-Бриони е формиран во 2013 година на заедничка иницијатива на Словенија и Хрватска и го промовира дијалогот и соработката помеѓу шефовите на држави и Влади за прашањата од взаемен интерес, со крајна цел – интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Водата во Гостивар не е за пиење!

Следно

Руанда започна со вакцинација против вирусот Марбург

Latest from Blog

Сиљановска Давкова: Национален консензус околу гаранциите, ЕУ мора да најде решение да не држи во кондиција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека националниот консензис на кој повика во годишното обраќање во Собранието треба да се изгради околу гаранциите да нема нови условувања во процесoт на евроинтеграциите. – Консензус

Диди бара итно да биде пуштен од затвор: Моите постапки беа одвратни и срамни

Во поднесената жалба за забрзана постапка, адвокатот на рап-могулот тврди дека тој бил погрешно осуден и дека однесувањето што довело до пресудата не било кривично дело, објавува Би-Би-Си. „Незаконска и неуставна казна“

Ридигер по Реал, го чека уште посилен тим?

Антонио Ридигер е во последната година од договорот со Реал Мадрид, а засега нема индиции дека ќе остане во Шпанија. Наводно, Германецот има неколку понуди, најконкретни од Галатасарај и од клубови од

Се урна хеликоптер на Килиманџаро, загинаа пет лица, меѓу нив двајца Чеси

Хеликоптер се урна на планината Килиманџаро во Танзанија, при што загинаа пет лица , соопшти денес цивилната воздухопловна управа, додека локалните медиуми објавија дека леталото било на мисија за медицинско спасување. Водич
Go toTop