Сиљановска Давкова: Национален консензус околу гаранциите, ЕУ мора да најде решение да не држи во кондиција

December 25, 2025
2 mins read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека националниот консензис на кој повика во годишното обраќање во Собранието треба да се изгради околу гаранциите да нема нови условувања во процесoт на евроинтеграциите.

– Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членството во ЕУ. Консензус треба да има околу тоа дека ние сме рекордер по уставни измени на барање на ЕУ, дури и името го сменивме без да постои консензус но не добивме ниту почеток на преговори. Консензус треба да има за тоа дека ако се повикуваме на принципи тие треба да важат за сите. Ако Светот на Европа формирал суд за човекови права пресудите треба да се спроведуваат, рече претседателката Сиљановска Давкова вечерва во гостување на ТВ Канал 5.

Мораме, потенцира таа, еднаш да добиеме гаранција дека нема некој да не турка да расправаме за идентитетски прашања, бидејќи тоа е темелната вредност на ЕУ.

– Националниот консензус треба да се изгради околу гаранциите. Мора да имаме некакви гаранции и има многу варијанти за гаранции. Не е точно дека не сме разговарале, сме разговарале. Не е само трет протокол, може со измена на Протоколот, може со измена на заклучоците. Нашиот преседан не е битен само за нас туку и за сите други кандидати за членство во ЕУ, рече Сиљановска Давкова.

Таа посочи дека високи европски претставници рекле дека се потребни гаранци и оти штитот на ветото треба да се урне. – Јас тврдам дека дури и во случајот на државите од Западен Балкан кои се најбрзо натаму може да се случли повторно да има вето, посочи претседателката.

Сиљановска Давкова оцени дека тоа што го прифатила поранешната влада и тоа што го венела во Преговарачката рамка и во заклучоците ЕУ е спротивно на самите принципи и вредности на ЕУ.

Според претседателката Сиљановска Давкова, која било членка на ЕУ може да покрене постапка против Бугарија, како што вели, за кршење на основните принципи и вредности. Може, дополни, и една третина од пратениците, може комисијата. Има механизми. Кога ги читате извештаите и кога ги гледате евалуациите, вие гледате дека кога ние за Зелената агенда сме вреднувани исто како и Молдавија таа добива средства, а ние не.

– Мора ЕУ да најде решение да не држи во кондиција бидејќи не зборуваме само за помоќна ЕУ во нестабилната извесна мултиполарна сцена. Зборуваме, тоа не се мои зборови, на ЕУ лидерите се, за отпорност кон можни влијанија и за нешто што е многу важно – гаранции, значи безбедносните дилеми остануваат, еве гледаме дури и со бегалските кризи повтроно може да се појават на сцената. Решение ЕУ ако сака може да најде а ние и предочуваме. Зошто не сака? Затоа што е практична, прагматична и затоа што некој се согласил. Доколу тие што сега предлагат резолуции и слично поинаку мислеле и го предочиле ова што го зборувам јас, тогаш во предвид ќе го зеле и оние кои што одлучувале. аама тие ги убедувае дека ова есосема добро решение и да се сетиме тогаш ни велеа уште ова и готово е ние ги почнуваме преговорите, рече Сиљановска Давкова.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Диди бара итно да биде пуштен од затвор: Моите постапки беа одвратни и срамни

Следно

Тоневски: Злетово добива модерно кошаркарско игралиште

Latest from Blog

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се

УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со неколку големи европски пресметки, откако УЕФА денеска го објави распоредот за главната фаза. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго

ВЛЕН до ДУИ: Молчевте кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес држите лекции

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека повторно се обидува да создаде, како што велат, лажна слика во јавноста преку манипулации и извртување на фактите. Од ВЛЕН велат

Трамп склучи голем нафтен договор со Венецуела

Тој го нарече „најголемиот договор за нафта во историјата на светот“. Трамп напиша на Truth Social дека договорот е преговаран, по негова насока, од страна на американскиот државен секретар Марко Рубио, секретарот
Go toTop