Сиљановска Давкова ќе се обрати на Генералното собрание: Ќе ги потсетам на тажната македонска приказна во чија креација учествуваа ОН

September 25, 2024
1 min read

Очигледни се длабоките поделби меѓу нациите внатре во Генералното собрание, а тие ја одразуваат само вистинската поделба што постои денеска во светот. Денеска и Генералното собрание како и светот се наоѓаат пред катарза. Ова е последниот момент или повик пред прославата на 80 години од ОН. Зошто го велам ова? Затоа што ОН во 1945-година настанаа како еден темелен мировен проект и еден антиколонијален проект, а денеска сме соочени со војна, вели во интервју за МИА претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН.

– Значи, ОН мора да се соочат со потребата од темелни реформи, институционални, фукционални односно во процесот на одлучувањето, но најмногу во инволвирањето на сите членки на ОН во донесувањето на клучните одлуки. Најрадикалните или најстрогите, меѓу кои сум и јас, морам да кажам, сметаме дека декоративните промени нема да го продолжат животот на ОН, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Не смета дека тие реформи скоро ќе почнат, посочувајќи дека многу челници повикале на сериозни реформи, но она што ја продлабочило поделбата било клучното прашање – односот кон војните.

Обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова на Генералното собрание е утре попладне по македонско време. Таа вели дека нејзината порака ќе ја пренесе на македонски јазик и дека, меѓу другото, ќе потсети на нашата решеност за мирољубивост, дијалог и за почитување на меѓународното право.

-Всушност ќе ја доразвијам, бидејќи утре ќе имам 15 минути време, утре на македонски јазик. Завчера зборувавме за иднината на светот ама јас сега сакам иднината на светот низ македонскиот збор, низ македонската реч. Значи ќе ги развијам основните тези – ќе ги потсетам на тажната македонска приказна во чија креација учествуваа ОН, низ се што поминавме, ќе потсетам на нашата решеност мирољубиво, низ дијалог секогаш да се почитува и да го почитуваме меѓународното право. Ќе укажам на основните проблеми на човештвото, меѓутоа сега со поголема аргументација, на мирот, на безбедноста, Совет за безбедност имаме ама амбиентот е небезбеден, секаде па дури и овде во Њујорк, вели претседателката Сиљановска Давкова.

Во интервјуто за МИА дадено во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН, меѓу два состаноци, претседателката одговара и на прашањата за тоа дали ние како мала држава треба да ја менуваме нашата позиција имајќи ги предвид сите промени кои доаѓаат со глобалните текови вклучувајќи ги и војните, за тоа кој е нејзиниот став за францускиот предлог плус, за Советот за безбедност, но и за средбата со дијаспората и за формирање на советите за млади и за дијаспора. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Претседателството на Босна и Херцеговина добило дојава за поставена бомба

Следно

Сиљановска Давкова и претставници на земјите од Западен Балкан на средба со Борел во Њујорк

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop