Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан, очекувањата се големи

March 12, 2025
2 mins read

Се финализира декларацијата за стратешко партнерство и соработка со Азербејџан, а покрај во енергетиката има многу можности за соработка и во економијата, туризмот, образованието, културата, науката, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова која е во официјална посета на Азербејџан.

Сиљановска Давкова, по средбите во изминатите два дена со азербејџанскиот државен врв, информираше дека двете страни се усогласени дека нема никаква пречка за декларацијата што треба да премине во договор за соработка, којшто,  нагласи, ќе ни значи многу, јави известувачот на МИА од Баку.

– Речиси е усогласено, меѓутоа морам да кажам дека имавме недостиг на време, во петокот стигна одговорот од кај нив, сепак е тоа документ кој бара добро да се разгледа, но се усогласивме дека нема никава пречка. Многу ќе ни значи еден таков договор, како што имаат нашите соседи, но не само нашите соседи туку и многу држави од ЕУ, а во блиската околина и Италија. Зошто и ние да не им се придружиме и да можеме кон зелената агенда да пристапиме преку овој процес на транзиција со гас со помош на Азербејџан, изјави Сиљановска Давкова.

Таа денеска се сретна со претседателката на Националното Собрание на Азербејџан Сахиба Гафарова и со премиерот Али Асадов, а активностите ги почна вчера со средба со домаќинот Илхан Алијев.

Како што оцени, односот е пријателски, а очекувањата се големи.

– Човек се чуди кога ќе чуе дека во целиот регион веќе има договори за стратешка соработка во транзицијата кон обновливи извори, нашите соседи поитале, ама еве ние задоцнивме во ова. Добро е што дојдовме овде, мислиме дека имаме големо поле за соработка во економијата, туризмот, образованието, културата, науката, изјави претседателката.

На средбата со претседателката на Националното Собрание беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, вклучувајќи ја соработката на парламентарно ниво. Посочувајќи на нејзиниот претходен ангажман како пратеничка во Собранието, Сиљановска-Давкова ја истакна важноста за натамошно зајакнување на меѓупарламентарната соработка, којашто се одвива преку Пратеничката група на Собранието за соработка со Националното Собрание на Азербејџан.

Соговорничките разменија мислења и информации за работата на двата парламента, како и за застапеноста на жените пратенички во нив. Претседателката истакна дека официјалната посета на Азербејџан, што се реализира на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, ќе придонесе за унапредување на соработката. Посочи на потенцијалот за зголемување на економската соработка, на трговската размена, реализација на инфраструктурни проекти, како и на посветеноста од македонска страна за диверзификација на изворите на енергија. Посочи и на инвестициските можности што државата ги нуди, со својата географска локација, квалификуваната работна сила и широката мрежа на договори за слободна трговија.

Претседателката изрази очекување и за реализација на конкретни иницијативи во повеќе сфери, како што се: социјална заштита, образование и наука, животна средина, туризам, сообраќај.

Гафарова, препознавајќи ги заложбите на претседателката Сиљановска-Давкова за културна дипломатија, истакна дека реализацијата на официјалната посета и можноста за проширување на контактите ќе придонесат за интензивирање на севкупната соработка меѓу двете држави. Таа изрази очекување за скорешна посета на претседателот на македонското Собрание на Азербејџан.

На средбата со премиерот Асадов, пак, претседателката оцени дека односите со Азербејџан се на одлично ниво, ослободени од какви било нерешени политички прашања и изрази уверување за нивно дополнително зајакнување со реализацијата на официјалната посета.

Асадов, оценувајќи ја посетата како успешна, посочи дека програмата и реализираните средби за време на посетата се добар знак за натамошен развој на билатералните односи меѓу двете држави и изрази подготвеност од негова страна на нивно унапредување.

На двете средби, претседателката Сиљановска-Давкова беше запознаена со состојбите во кавкаскиот регион и позициите на Азербејџан по овие прашања. Беше разговарано и за состојбите во контекст на војната во Украина.

Со средбите со претседателката на Националното Собрание, Гафарова и премиерот Асадов заврши официјалниот дел од посетата на претседателката Сиљановска-Давкова на Азербејџан.

Претседателката утре во Баку ќе учествува на 12. Глобален форум во Баку, „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“, што во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ ќе се одржи од 13 до 15 март.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Разбиени две криминални групи во Грција за измами со гориво на бензински пумпи

Следно

119 години старо шише со порака откриено во театар во Единбург

Latest from Blog

Пратениците пак, се фатија за етичкиот кодекс, Гаши вика „Собранието стана срамна сцена“

„Кодексот за етичко однесување на пратениците треба да биде етичка сила што ги води и насочува сите други институции, оти ние сме тие што ги претставуваме граѓаните. Нашата заложба ги одразува нивните

Митева: Последните инсталирани кадри на СДСМ и ДУИ во правосудството видоа дека сме сериозни во намерата и почнаа жестоко да се бранат, ќе продолжиме да бараме одговорност

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата гостуваше во емисијата ,,За или против“ што се емитува на телевизија Алфа и истакна дека ќе продолжат да бараат одговорност од

Трамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов

Американскиот претседател Доналд Трамп, пред средбата со ирскиот премиер во Белата куќа, рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ за прекин на огнот со Украина, по вчерашните разговори во Саудиска Арабија. –

Георгиевски во Аргумент плус: Трговската војна ги погодува САД, ЕУ, Канада и Мексико, Европа е на удар бидејќи е веќе во криза

Новинарот Борис Георгиевски во Аргумент плус рече дека за 30-дневниот прекин на огнот во Украина, најважно е како ќе реагира Русија. Тој додаде дека се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да има

Ердоган: Туркије го поздравува прифаќањето на прекинот на огнот од страна на Украина

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го поздрави неодамнешното прифаќање на прекинот на огнот од страна на Украина во конфликтот со Русија, изразувајќи надеж дека Москва ќе одговори „конструктивно“
Go toTop