Сиљановска Давкова и Румен Радев ќе ја гледаат заедно „Набуко“, опера со романтичен и политички заплет

September 10, 2024
1 min read

Претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова в петок ќе оди во посета на Софија, каде ќе присуствува на операта „Набуко“ од Џуепе Верди, во изведба на Националната опера и балет.

Како што јави БГНЕС, според неофицијални информации, во Софија ќе се одржи и првата средба на Сиљановска Давкова со претседателот на Бугарија Румен Радев, за кој некои медиуми објавија дека и тој ќе присуствува на оперската претстава на НОБ.

Според бугарскиот медиум, во македонската делегација ќе биде и министерот за култура Зоран Љутков, а се уште не е потврдено доаѓањето и на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

Медиумот потсетува дека откако стапи на должност, Сиљановска Давкова присуствуваше на операта „Валкира“ во Скопје, во изведба на Бугарската опера.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција ќе воведе специјална мобилна апликација и за деца жртви на насилство

Следно

Божиновска од Вашингтон: Само со решителна борба против корупцијата, Македонија ќе се избори и за енергерска безбедност

Latest from Blog

Град Скопје ја разреши директорката на „Лајка“

Град Скопје донесе одлука за разрешување на директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева, што предизвика остри реакции кај здружението за заштита на животни Анима Мунди, од каде велат дека станува збор за

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од
Go toTop