Грција ќе воведе специјална мобилна апликација и за деца жртви на насилство

September 10, 2024
1 min read

По примерот на специјалната апликација на грчката полиција „Panic button“ воведена пред една и пол година за помош и заштита на жените-жртви на семејно насилство, полицијата ќе воведе нова апликација „Safe Youth“ и за децата жртви, како на семејно така и на врсничко насилство, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за грчките телевизии „ЕРТ“ и „Мега“ портпаролката на полицијата Константина Димоглиду објасни дека апликацијата што ќе биде достапна на крајот од месецов или почетокот на октомври е наменета за деца од 12 до 18 години што се во опасност во или вон домот.

Децата на кои ќе им биде инсталирана апликацијата ќе можат со притискање на едно копче (emergency button) да пријават дека се во опасност по што полицијата ќе ги има сите податоци, како и локацијата со оглед на тоа дека претходно е неопходна регистрација.

Димоглиду посочи дека за да се избегне злоупотреба и непромислено користење на апликацијата, предвидени се заштитни мерки за полицијата да може да потврди дали пријавата е реална.

Додаде дека апликацијата ќе вклучува богат информативен материјал за заштита на децата од различни форми на насилство, притоа дозволувајќи им на децата да пријават насилно однесување директно до властите.

-Има случаи кога детето е малтретирано дури и во неговото семејство и треба да му помогнеме директно да комуницира со грчката полиција, истакна портпаролката на полицијата.

Станува збор за бесплатна апликација, исто како што е апликацијата „Panic Button“ на грчката полиција, воведена на крајот на март минатата година за помош на жени жртви на семејно насилство.

Жените жртви на семејно насилство, откако ќе ја инсталираат апликацијата на нивните мобилни телефони, со притискање на едно копче, можат итно и безбедно да ја известат полицијата доколку се во опасност.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан: Оние кои продолжуваат да го поддржуваат Нетанјаху се соучесници во геноцидот

Следно

Сиљановска Давкова и Румен Радев ќе ја гледаат заедно „Набуко“, опера со романтичен и политички заплет

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на

Македонскиот рубин пред меѓународна промоција, се подготвува сертификат за неговото потекло

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита и меѓународна промоција, со подготовка на систем за сертификација и утврдување на јасни критериуми за неговото потекло и автентичност. Министерството за енергетика, рударство и

Се забрзува изградбата на пругата кон Бугарија: Делницата Бељаковце – Крива Паланка стигна до 40%

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, информира дека во моментов интензивно се работи на мостот број 7, кој со должина од 194 метри е најдолгиот мост на оваа делница. Делницата е долга

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

Реномираната британска Master of Wine со долгогодишно искуство со вината од Источна Европа и Балканот посети пет македонски семејни винарии. Македонското семејно винарство доби значајна можност за директна размена на знаење и
Go toTop