Шверцери отвориле оган врз полицијата во северно Косово, уапсени пет лица

August 12, 2023
1 min read

Косовската полиција уапсила пет лица, од кои четворица од српска и еден од албанска националност, по престрелката што рано утрово се случила во северно Косово, во општина Зубин Поток, во близина на границата меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Заменикот директор на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани изјави за медиумите дека полициска единица наишла на три возила и едно комбе, за кои се претпоствува дека се користеле за шверц на стоки и при тоа во правец на полицијата бил отворен оган од огнено оружје.

Ељшани информира дека во претстрелката која настанала по нападот врз полицијата немало повредени, а дека покрај петмината уапсени во шверцерската група имало уште едно лице, по кое се трага.

– Денеска во раните утрински часови во околината на Зубин Поток (во селото Чечево), полицијата наиде на комбе и неколку возила за кои се верува дека шверцуваат стоки. При обидот да се запрат, дошло до претстрелка, во која нема ранети. Пет лица се уапсени, четворица Срби и еден Албанец, а по еден се трага. Запленети се комбе и три патнички возила. Во комбето се откриени шверцувани цигари. Настанот се случи околу три часот наутро, се вели во изјавата на Ељшани за медиумите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Студентски отпор“ не се согласува со новиот начин на исплата за субвенционираниот оброк

Следно

„Втора македонска бригада“ преименувана по политичар од Косово

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop