Шведска сака да го обнови дијалогот со Турција за нејзиното членство во НАТО

January 25, 2023
1 min read

Според шведскиот премиер, за неговата земја ниту едно друго национално прашање не е поважно од влезот на Шведска и Финска во НАТО

Шведска сака да го обнови дијалогот со Турција во врска со нејзиното, и барањето на Финска за забрзан пристап во НАТО алијансата, изјавил во вторникот шведскиот премиер Улф Кристерсон, пренесе Ројтерс.

Улф Кристерсон, премиер на Шведска

„Ниту едно друго национално прашање не е поважно од тоа што ние, заедно со Финска, треба што побрзо да станеме членки на НАТО“,

рече Кристерсон.

Финскиот министер за надворешни работи, Пека Хависто, истиот ден навести дека неговата земја би можела да размисли за влез во НАТО без соседна Шведска, доколку Турција продолжи да го блокира нивното заедничко барање за пристап во воената Алијанса. Тој потоа ги повлече своите зборови и прече дека се изразил непрецизно.

Официјална Анкара на неодредено време го одложи трилатералниот состанок меѓу Турција, Шведска и Финска за членството во НАТО, откако викендов на протестот на антиисламските и прокурдските активисти во Стокхолм, лидерот на екстремно десничарската политичка партија во земјата, Расмус Палудан, запали копија од Куранот пред турската амбасада.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди протестот на Расмус Палудан за палење на Куранот велејќи дека тоа е навреда за сите, особено за муслиманите. Дополнително, изјави дека по антиисламските протести, Шведска не треба да очекува поддршка од турска страна за влез во НАТО.

Шведска и Финска побрзаа да аплицираат за членство во Алијансата по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, напуштајќи ја својата долгогодишна политика на неутралност.

За нивниот влез е потребно одобрение од сите земји членки на НАТО, вклучително и Турција, која досега го блокираше таквото проширување, наведувајќи дека особено Шведска мора да ги потисне активностите на прогонетите курдски активисти и нивните симпатизери.

Во меморандумот за разбирање потпишан од Финска, Шведска и Турција на самитот на НАТО минатата година, Стокхолм и Хелсинки ветија дека нема да ги поддржуваат курдските милитантски групи и дека ќе го укинат нивното ембарго за оружје на Турција воведено по нејзиниот упад во северна Сирија во 2019 година, додека Турција за возврат нема да го блокира нивниот пристап во Алијансата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Денеска ќе се дарува крв во чест на роденденот на нашиот Тоше

Следно

Крис Хипкинс е новиот премиер на Нов Зеланд

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop