Шведска е победник на Евровизија, поп ѕвездата Лорин по втор пат го однесе трофејот

May 14, 2023
1 min read

Песната „Тетоважа“ собра вкупно 583 поени, 57 повеќе од „Ча ча ча“ на финскиот претставник Керије, кој, пак, освои најмногу гласови од публиката. На третото место заврши Израел со 362 поени

ФОТО: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Шведска е победник на 67. Евровизија која годинава се одржа во Ливерпул. За поп ѕвездата Лорин, која ја претставуваше Шведска, ова е втора победа на најголемото музичко натпреварување, откако победи за Шведска во 2012 година со песната „Еуфорија“.

Нејзината годинашна песна „Тетоважа“ собра вкупно 583 поени, 57 повеќе од „Ча ча ча“ на финскиот претставник Керије, кој, пак, освои најмногу гласови од публиката. На третото место заврши Израел со 362 поени.

„Ова е премногу за мене. И во моите најлуди сништа не мислев дека ова може да се случи“,

изјави 39-годишната Лорин.

Нејзината победа значи дека Шведска ќе биде домаќин на следната Евровизија, што ќе се совпадне со 50-годишнината од победата на „АББА“ со песната „Ватерло“.

На последното место годинава, според гласовите, заврши Германија, зад Велика Британија и Србија. Германскиот метал бенд „Лорд оф д лост“ имаше само 18 поени. Претставничката на Велика Британија, Меј Мулер освои 28 поени, а претставникот на Србија, Лук Блек имаше 30 поени.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Започна гласањето за избор на претседател и 28. состав на парламентот на Република Туркије

Следно

Избори во Турција: Над 64 милиони турски гласачи одлучуваат за иднината на државата со или без Ердоган

Latest from Blog

Меџити: Серава добива инфраструктура по европски стандарди

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид на завршените градежни работи во населбата Серава, каде што е комплетно асфалтирана улицата „ЛПК“. Во рамки на проектот се уредени и пусетите, како

Wolt: Прогресивен двигател на дигиталната промена во Македонија

Лансирањето на Wolt во Македонија претставува повеќе од појава на уште една апликација за достава, тоа е пресвртница во дигиталната и економската трансформација на земјата. Говорејќи на годишната eCommerce конференција во Скопје,

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако
Go toTop