Шумските пожари лани уништиле над 500.000 хектари земјиште во ЕУ

April 11, 2024
1 min read

Во шумски пожари во ЕУ во текот на минатата година изгореа 504.002 хектари површина, се наведува во Извештајот за шумските пожари во Европа, на Блискиот Исток и во Северна Африка во 2023 година на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во Извештајот се нагласува дека пожарите биле најинтензивни во текот на летото и претежно го зафатиле медитеранскиот регион, при што е регистриран и најголемиот поединечен пожар во Европа од 80-те години на минатиот век и тоа во реонот на грчкиот град Александрополи.

Во документот се посочува дека климатските промени придонесуваат за зачестени шумски пожари, кои се повеќе зафаќаат и области кои во минатото не се сметаа за региони подложни на огнени стихии.

Дополнително, прелиминарните податоци за првите три месеци од 2024 година покажуваат дека број на пожари е речиси двојно поголем од лани, но тие не зафатија големи површини.

Анализата за 2023 година според типот на уништена вегетација покажува дека 37 отсто од вкупната опожарена површина била со грмушки и нискостеблеста шума, а 26 проценти или околу 120.000 хектари биле под шуми.

Според извештајот, шумските пожари предизвикале сериозна штета на животната средина, создавајќи околу 20 мегатони емисии на јаглерод диоксид, што е еквивалентно на речиси една третина од сите штетни емисии на меѓународниот авиотранспорт во ЕУ за една година.

Во документот се посочува дека според Европскиот информативен систем за шумски пожари (ЕФФИС), најкатастрофална според големината на опожарена површна била 2017 година, кога биле уништени 988.427 хектари земјиште, пред 2022-та со 837.212 хектари и 2007 година со изгорени 588.388 хектари површина.

Европската комисијата минатиот месец објави препораки за градење отпорност и ефикасно управување со климатските ризици, кои меѓу останатото предвидуваат мерки за засилена превенција, подобра подготвеност на системите за рано предупредување и користење на ефикасни средства за гасење пожари преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Во југозападниот дел на Русија вооружени лица отвориле оган врз безбедносните сили

Следно

Сага за Работничкиот дом – зградата во која се судрија социјализмот и капитализмот

Latest from Blog

Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика на трансатлантски форум во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе присуствува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина, Грција, по официјална покана од американскиот секретар

Шведска воведува затвор за 13-годишници

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во септември објави планови за намалување на возраста за кривична одговорност за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот

Проданоски: Почит кон културното наследство на Прилеп – ѕвезда на Коста Смилески

Синоќа во Прилеп, заедно со членовите на семејството на Коста Смилески, беше откриена ѕвездата на патеката на познатите прилепчани, посветена на еден од најзначајните музички дејци на градот и македонската култура. Коста
Go toTop