Шумски пожари ја пустошат Западна Канада, Трудо ја праќа војската на помош

July 26, 2024
1 min read

ТРЕНТОН (АА) – Големите шумски пожари претворија во пепел дури 50 отсто од историскиот канадски град Џаспер, во Алберта, а најмалку 25.000 луѓе избегаа од пламените јазици претходно во текот на неделата, известија медиумите, пренесува Анадолу.

Премиерот Џастин Трудо ѝ нареди на војската да помогне во борбата со 176 шумски пожари што беснеат низ провинцијата.

„Стотици пожарникари од земји како Мексико, Јужноафриканска Република, Нов Зеланд и Австралија веќе се во Канада или се на пат да учествуваат во операциите за гаснење“, истакна Трудо.

Официјален претставник на пожарникарите во Алберта изјави дека моментно во Џаспер има околу 400 пожарникари.

Покрај пустошот во градот и во националниот парк Џаспер, во областа на канадските Карпести Планини, кој годишно го посетуваат околу два милиона луѓе, евакуирани се и 25.000 лица, меѓу кои голем број туристи, постои загриженост дека пожарот може да го загрози и нафтоводот Транс Маунтаин што минува низ паркот.

„Пожарникарите остануваат во градот и работат на спасување на колку што е можно повеќе објекти и заштита на клучната инфраструктура, вклучително и станицата за третман на отпадни води, комуникациските објекти, нафтоводот Транс Маунтаин и други“, објави „Паркс Канада“ на социјалните мрежи.

Со нафтоводот се пренесуваат околу 890.000 барели нафта дневно од Едмонтон, Алберта, до брегот на Пацификот во Британска Колумбија.

Премиерката на Алберта, Даниел Смит, неколкупати едвај ги задржуваше солзите и беше принудена да направи паузи на прес-конференцијата вчера, објави Си-би-ес њуз.

„Не може да се негира дека ова е најлош кошмар за која било заедница“, рече Смит. „За жителите на Џаспер и за оние што се раселени далеку, гледајќи ги сликите на својот град на телевизија и на интернет, чувствата на загуба, страв и осаменост мора да се преголеми. Но вие не сте сами! Сите жители на Алберта се со вас!“

Во Алберта беснеат 176 шумски пожари, во соседната провинција Британска Колумбија активни се 424, а со пожарите се борат вкупно 1.229 пожарникари, објави „Торонто Стар“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Западните сигнали за испраќање на Грузиски сон во опозиција

Следно

„Да запрат израелските злосторства и со тоа да се спречи ескалација на насилството во регионот“

Latest from Blog

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на
Go toTop