Шукова: Државата се гуши во отпад, наместо нов увоз треба да се реши проблемот дома

March 2, 2025
1 min read

Државата се гуши во сопствениот отпад, општинските депонии се нестандардни, системите за регионално управување со отпад не се воспоставуваат, а диви депонии никнуваат секој ден се повеќе. Владата и општините треба да ги засукаат ракавите и да се зафатат сериозно со намалувањето на количините на отпад кои ги депонираме, да почнат со воспоставување на селекција која ќе обезбеди доволни количини на отпад за преработка, рече денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, во одговор на новинарско прашање.

-Во услови кога Македонија не успева соодветно да го организира и да управува со отпадот кој што се создава дома, кога на секое ќоше никнува нова дива депонија, кога општините не се кадарни да воспостават системи за селекција и рециклирање на отпадот, кога сите показатели покажуваат дека сме лидери во загадувањето и се зголемува бројот на заболени и смртност кај населението, при реформа на инспекцискиот систем која им ја одзема независноста на инспекторатите, се поставува прашањето дали бизнис интересите се поважни од животната средина и нашите граѓани, додаде Шукова.

Таа појасни дека не е прашањето дали станува збор за отпад од тн зелена листа, и дали истиот би се увезувал како суровина, станува збор за неисполнети услови во државата за управување и сериозна контрола на отпадот.

-Не е прашањето дали станува збор за отпад од тн зелена листа, и дали истиот би се увезувал како суровина, станува збор за неисполнети услови во државата за управување и сериозна контрола на отпадот. Дали во моментов можеме да покажеме еколошко управувано рециклирање? Наместо изразување на намера да увезуваме отпад, владата и општините треба да ги засукаат ракавите и да се зафатат сериозно со намалувањето на количините на отпад кои ги депонираме, да започнат со воспоставување на селекција која ќе обезбеди доволни количини на отпад за преработка, посочи Шукова.

Како што минатата недела објави Дојче Веле, Северна Македонија е меѓу 24 земји кои ја информирале ЕУ дека сакаат да прифатат отпадни материјали. ЕК ќе одлучува дали земјата има капацитет да управува со овој отпад на еколошки здрав начин.

Северна Македонија бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Станува збор за метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк, челик, олово, алуминиум, како и  маст и масло за јадење, хартија и картони и стакло. Целосната листа неодамна ја објави Министерството за животна средина, информирајќи дека таа ќе биде доставена до Европската комисија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Русија изврши нов воздушен напад на источна Украина

Следно

Димитриевски: Лошото менаџирање и недостатокот на поддршка од владата на СДС резултираше да станеме увозно зависни за храна

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop