Димитриевски: Лошото менаџирање и недостатокот на поддршка од владата на СДС резултираше да станеме увозно зависни за храна

March 2, 2025
1 min read

Мислам дека ова е една голема тема, комплексна тема за којашто долги години се дебатира кај нас во јавноста. Се обидуваме сите да ставиме крај на едни негативни тенденции во земјоделството и подготвувајќи се за оваа емисија, но и во дискусии претходно и во програмските документи коишто се изготвувани е да ги сопреме овие негативни тенденции на почетокот. Јас секогаш кажувам дека во земјоделството брзи пресврти нема, нешто што се изгубило тешко дека брзо ќе се врати“ , прецизираше во своето излагање професорот д-р Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје на денешата трибина „Како станавме увозно зависни за храна?“

Димитриески говореше на тема којашто не засега сите нас. Според него не биле превземени мерки како и конкретни решенија од страна на СДС во делот на земјоделството, додавајќи дека погубните политики и нивната неодговорност влијаеле на овој проблем со којшто се соочуваме денес.

„Јас би се вратил многу поназад во сета историја на независна Македонија. Мислам дека една огромна пресвртница во македонското земјоделство беше приватизацијата на претпријатијата што стопанисуваа со земјоделското земјиште и губењето на таа структура којашто беше пазарно ориентирана, а тоа се нашите поранешни комбинати, земјоделски задруги и претпријатија којшто стопанисуваа со државното земјоделско земјиште. Мислам дека и во тоа време, иако беше еден процес којшто требаше да изврши само трансформација мислам дека во тоа време таа влада направи едни големи пропусти, големи грешки и денеска за жал ги изгубивме тие големи системи и дојдовме во ситуација денешната структура на македонското земјоделство тешко дека ќе може сама да се справи со сите предизвици“ , нагласи Димитриевски.

Димитриески истакна дека најголемите реформи во делот на земјоделството се направени во 2007 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Тој јасно објасни дека со владата на ВМРО-ДПМНЕ се поставени основите на денешните земјоделски политики, но изрази огромно жалење што ваквиот континуитет за развој на земјоделски политики не биле продолжена пракса и на СДС.

„Најголемите реформи коишто се направени, се направени во 2007 година, тоа е со тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ и тогаш се поставени основите на денешниве земјоделски политики и моделот на финансирање, и тогаш е направен најголемиот исчекор кон прилагодување на македонската земјоделска политика кон Заедничката земјоделска политика на Европската унија. Поставени се институциите, понатаму оди развојот но за жал наместо да се развиваат тие политики во една правилна насока, мислам дека изминатите седум години не се одвиваа состојбите во посакуваните насоки“ , дециден е Димитриевски.

Димитриевски е дециден дека негативниот биланс на увоз на земјоделско-прехранбени производи е скоро 3 пати зголемен во 2023 година. Дополнително тој додава дека ваквиот тренд е резултат на погрешното менаџирање и недоволната поддршка кон земјоделците од страна на претходната власт.

„Ако зборуваме како станавме увозно зависни ќе ви објаснам. Во 2014 година ние имаме негативен биланс на увоз на земјоделско-прехранбени производи околу 150 милиони евра, а во 2023 година имаме преку 430 милиони евра негативен биланс, значи скоро 3 пати е зголемен увозот“ , заклучува Димитриевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шукова: Државата се гуши во отпад, наместо нов увоз треба да се реши проблемот дома

Следно

Тешко повредена 25 годишна девојка, во неа удрил возач под дејство на алкохол

Latest from Blog

Лесно е кога Елмас ќе даде гол, Аталанта убедливо победи, фаворитите немаа проблеми

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна најбрзиот гол во изминативе три дена во трите натпреварувања на УЕФА. Елмас погоди за водство на Аталанта во Бергамо кога по само 46 секунди даде гол

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и
Go toTop