Штрајк во Грција за годишнината од железничката несреќа кај Темпи

February 28, 2024
1 min read

Под слоганот „Не забораваме“, Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција, за денеска закажа 24-часовен штрајк, на годишнината од железничката несреќа кај месноста Темпи во која животот го загубија 57 лица, но и за да ги истакнат нивните барања за зголемување на платите и дополнителни вработувања, јави дописничката на МИА од Атина. 

Штрајкот го поддржаа и низа федерации, помали синдикати, здруженија и сл., но и новинарите кои ќе имаат четиричасовен прекин на работата од 12 до 16 часот. 

Бродовите денеска остануваат закотвени на пристаништата, возовите на железничките станици, а иако беше најавен штрајк на контролорите на летање, а со тоа и откажани летови, сепак штрајкот доцна синоќа беше прогласен за незаконски и авиосообраќајот ќе се одвива нормално. 

Атина од вчера е без такси превоз поради 48-часовниот штрајк на таксистите, а денеска има проблеми и во јавниот превоз.

Метрото и трамвајот не функционираат, а автобусите и тролејбусите имаат неколкучасовен прекини во работното време. 

Во рамките на 24-часовниот штрајк планирани се и низа протести како во Атина, така и во другите грчки градови.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден: „Израел ќе ја изгуби меѓународната поддршка доколку продолжи со агресијата во Газа“

Следно

Околу 51 илјада Македонци ја посетиле Бугарија во јануари, а над 29 илјади Бугари дошле во земјава

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop