Штрајк на вработените во грчката железница

November 18, 2025
1 min read

 Вработените во грчката железница, како и машиновозачите започнаа 24-часовен штрајк со што во текот на денешниот ден ќе сообраќаат само мал број возови со изменет возен ред, а во прекин ќе бидат и приградските линии во областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.

Од синдикатите на вработени во „Hellenic Train“ преку штрајкот бараат сите отпуштени да се вратат на своите работни места; бараат инвестиции во железничката мрежа; итни мерки за одржување на железничката инфраструктура; завршување на инфраструктурните проекти, како и итно повторно отворање на регионалните линии.

Дополнително, посочија дека за време на 24-часовниот штрајк ќе го обезбедат потребниот персонал за неопходните услуги, за да може железничкиот систем да функционира барем на основно ниво. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јамал и Реал Мадрид се најомразени во Шпанија

Следно

(ФОТО) Царинска Управа заплени поголема количина стока меѓу кои фотоапарати и М-ТАГ апарати

Latest from Blog

На иницијатива на претседателката Сиљановска-Давкова настан „Климатски промени – ризици и предизвици“

На иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Кабинетот на претседателот, ќе се одржи настан насловен „Климатски промени – ризици и предизвици“. На настанот ќе учествуваат универзитетски професори, експерти, претставници на државни

Божиновска во Белата куќа: Енергетиката во фокус на ново стратешко партнерство со САД

Министерката за енергетика Сања Божиновска оствари важна средба во Белата куќа со Џерод Аген, заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД, при што
Go toTop