Што стои зад посетата на Макрон на Србија?

August 29, 2024
1 min read

За два месеци, двајца европски државници во посета на Србија. После германскиот канцелар Олаф Шолц, и францускиот претседател Емануел Макрон пристигнува во Белград.

На маса се евроинтеграциите на Србија и односите со Косово но големо внимание се очекува да се посвети и на договорот за воените авиони кои Србија планира да ги купи од Франција. 

„Тоа би било одлична работа за нас, бидејќи би значело огромно подобрување на борбената готовност и воената моќ на Србија…Веќе не е прашање на цена, станува збор за одредени гаранции. Но, она што е важно за нас е да разговараме со Макрон за многу важни прашања. Погледнете како е поделена посетата. Ќе разговараме за соработка во областа на иновациите, науката, технологијата, вештачката интелигенција и доаѓањето на нови француски инвеститори.“ – изјави Вучиќ.

Од Елисејската палата велат дека на Европската Унија и нејзините земји членки, им треба силна и моќна Србија. Во текстот објавен во Политико, Францускиот претседател порача дека и на Србија и треба силна и суверена Унија која ќе ги брани и промовира нејзините интереси…

„Како и Франција, убеден сум, Србија се стреми кон независност и суверенитет што може да ги обезбеди само ЕУ, поседувајќи ги средствата за својата стратешка автономија. Заедно ќе ја изградиме оваа стратешка автономија обезбедувајќи си средства кои треба да ја осигураат нашата безбедност и да ја зајакнат нашата одбранбена соработка.“ – изјави Макрон.

Посетата на Макрон на Белград се најде и во францускаите медиуми кои велат дека претседателот доаѓа специјално за да ја заврши продажбата на 12 борбени авиони Рафал на балканска држава која одржува пријателски врски со Русија.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фондот за здравство нема да го покрие третманот во странство на 19-годишниот Јани од Неготино

Следно

Црногорското Министерство за здравство предупредува: Вакцинација против морбили или поостри мерки

Latest from Blog

Ханси Флик отпиша тројца играчи на Барселона

Според шпанските медиуми, веќе е јасно кои играчи нема да бидат во плановите на тренерот на Барселона Ханси Флик за следната сезона, а списокот веројатно ќе биде уште поголем. На листата на

Николоски: Од нула локомотиви, за шест месеци успеавме да вратиме 14 локомотиви и возови на македонските пруги

За само шест месеци успеавме да оспособиме 8 активни локомотиви за карго превоз и 6 патнички возови. Претходно имаше нула локомотиви и само еден воз. Тоа е разликата на нашето работење, истакна

Николоски: Годинава започнуваме со изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, Скопје и Охрид целосно ќе ги поврземе со автопат

Започнуваме да градиме целосно нов автопат од Кичево до Букојчани. До напролет или до летото ќе избереме изведувач, во меѓувреме обезбедивме поволен кредит од ЕБРД и неповратни средства исто така од ЕБРД

И Македонија контра Трамп – потписник на поддршката за Меѓународниот кривичен суд

Македонија е меѓу 79-те држави кои изразија поддршка за независноста и непристрасноста на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против оваа институција. Според објавата на Министерството за
Go toTop