Што се крие зад изјавата на Ковачевски: „За раскинат договор меѓу германска фирма и ЕСМ тужени сме за 28 милиони евра за ремонт“?

February 12, 2023
1 min read

Сакајќи да го прикрие сопственото неуспешно работење и неспособноста во управување на АД ЕСМ, Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски сака да ја префрли вината на други со обид за дрско лажење на јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, тој пред новинарите во петокот на 10.2.2023 година изјавува дека за раскинат договор меѓу германска фирма и ЕСМ тужени сме за 28 милиони евра за ремонт.

Договорот е склучен во 2012 година е раскинат во 2016 година, од страна на тогашното раководство на ЕСМ. По тој договор е направен ремонт на блоковите 2 и 3. Според образложението за раскинувањето на договорот, тој еднострано е раскинат од ЕСМ затоа што не биле добри перформансите на извршениот ремонт. Германската компанија понудила споодба, да се приближат ставовите, но тоа не е постигнато. Чесно е да кажеме дека овој спор ќе го загубиме само прашање е колку тимот на адвокати ќе успее да го намали бараниот износ од 28 милиони евра – изјави Ковачевски.

Сакаме да го корегираме Ковачевски да не дава паушални искази за кои постојат и докази. Најодговорно тврдиме дека преговорите за спогодба кои се случија пред да се активира арбитражниот суд, се одвиваа уште пред СДСМ да го преземе раководењето на АД ЕСМ, кое се случи на 4.8 2017 година. Тие преговори продолжија и после овој датум, но сега под водство на раководната гарнитиура на СДСМ. Овие преговори за спогодба со германскиот изведувач ги изгуби токму Васко Ковачевски и тоа минатата година. И тоа во услови кога има документи од германскиот изведувач кои се потврдени од независни надворешни консултанти дека бараните параметри за котлите не се постигнати и тоа по вина на самиот изведувач.

Зошто АД ЕСМ под водство на Васко Ковачевски ги изгуби овие преговори и спогодби пред арбитражниот суд кога претходното раководство на АД ЕСМ предводено од ВМРО-ДПМНЕ му остави сигурни позиции со аргументи за неисполнети технички параметри за ремонтираните котли и оправдани барања од АД ЕЛЕМ за наплата на штети? Котел 2 и 3 имаат полоши технички карактеристики од колку пред модернизацијата. На изведувачот од Германија не му е одобрено да работи на модернизација на котел 1 сè додека не се изврши поправка на неисполнетите барани технички параметри на котлите од блок 2 и блок 3.

Наместо да ја замајува јавноста со лаги и небулози за некаква штета од 28 милиони евра, требало да се погрижи почната постапка од ВМРО-ДПМНЕ да ја доврши со цел АД ЕСМ да нема никакви загуби!

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ковачевски очекува конструктивна дебата во Собранието и усвојување на предлогот за нови министри

Следно

Гаши лут на Ковачевски: Брутално го раскинаа политичкиот договор со нас

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop