Што кога ќе видиш 300 руски нуклеарки како летаат накај тебе?

2 mins read

Како што почнуваат да пиштат алармите, хипотетичкиот претседател во ова сценарио од своите советници добива три опции, од кои сите три предвидуваат контра-удари против Русија во кои ќе загинат меѓу 5 и 45 милиони луѓе. Доколку не возврати веднаш, а нападот се покаже дека е вистински а не радарска грешка, прашањето е „што ќе му кажеш на американскиот народ по него?“

Сценариото што го изработуваат двајца експерти за национална безбедност од Принстон, Шерон Вајнер и Мориз Кут, „ја нагласува агонијата на носење живот или смрт одлуки базирани на несовршени информации во период на екстремен притисок.“

„Тие се базираат на сегашните американски протоколи за лансирање нуклеарни проектили, кои се многу малку променети од времето на Студената војна.

Во контролен експеримент со 79 учесници, 90% избираат да лансираат контра-удар,“ пишува Џон Торнхил во текстот за ФТ.

Торнхил го цитира Роберт Опенхајмер, научникот што ја создава атомската бомба, кој своевремено изјавува дека САД и Русија се „како две шкорпии затворени во шише, и секоја има капацитет да ја убие другата но само по цена на сопствениот живот.“

Новинарот на ФТ, разговара и со 45-годишниот израелски невролог и професор на Нортвестерн Универзитетот, Моран Серф, кој објаснува дека денешниот свет е станат премногу комплексен за нашите мозоци да можат да го обработат, и тој има проблем во наоѓање на вистинските врски и идентификување на видливи шаблони.

„Ова е посебно точно кога се во прашање настани кои се толку апстрактни и далечни како климатски промени или нуклеарна војна.

Серф објаснува дека ако мозокот проценува дека веројатноста нешто да се случи е многу, многу мала, на пример 0,000-нешто, тој не знае како да се справи со таков малку веројатен настан. ‘Па мозокот само му препишува вредност нула. Единствениот начин да се справиш со тоа е да го прелажеш мозокот’,“ пренесува Торнхил.

Како пример тој го наведува обезбедувањето на аеродромите низ светот, кое е малку веројатно дека некогаш во живот ќе види или открие експлозив во багажот на патниците. Заради ова, со тек на време нивниот мозок почнува да ја игнорира оваа можност.

„По милиони пати гледање ништо, ништо, ништо, шансите дека тие еден ден ќе откријат вистинска бомба се речиси нула, објаснува Серф. Меѓутоа ако им ставаш по една лажна бомба во багажот на секои 10 минути, тогаш нивниот мозок враќа пореспонсивни резултати,“ пишува Торнхил.

Врз основа на своите студии на човечкиот мозок и однесување, Серф верува дека сегашните протоколи за лансирање на нуклеарни ракети, кај сите девет нуклеарни сили, се претерано застарени и треба да се менуваат. Прво нешто што треба да се промени, барем кај американскиот протокол, е да се укине границата за реакција од 15 минути по првото предупредување. Серф тврди дека вака краткиот период е останат од минатото, и предвидува дека на тој начин САД ќе го задржи капацитетот за втор удар од воздух или вода, дури и ако сите нивни копнени интерконтинентални ракети се уништени.

Негова препорака е и сите клучни функционери редовно да имаат вонредни вежби со нуклеарен напад, за да можат да ја анализираат својата реакција „и да научат од своите грешки“. Втора опција е тие да почнат од најлошите можни исходи од ваков напад и потоа да работат наназад за да видат како тој би можел да биде избегнат.

На сличен памет како Серф е и Унијата на загрижени научници, кои во ноември му напишаа писмо на Бајден да направи ревизија на нуклеарните протоколи, и, меѓу другото, да воведе согласност од два високи функционери за активирање на нуклеарките.

Серф тврди дека ако САД ги променат протоколите, истото ќе го направат и сите други нуклеарни сили на светот.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Во пет градови ќе се одржат информативни сесии за програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура

Следно

Како Христијан Пендиков од тврдокорен Македонец и вмровец стана Бугарин

Latest from Blog