Што е „глад за допир“: Кога недостатокот на физичка блискост ја загрозува врската и здравјето?

October 17, 2025
1 min read

Иако на физичкиот допир се гледа само како на еден од петте „јазици на љубовта“, психотерапевтите предупредуваат дека тој игра далеку поширока улога, како за емотивното, така и за физичкото здравје. Кога го нема доволно, доаѓа до „глад за допир“, што може сериозно да влијае на психата и интимните односи помеѓу партнерите.

Што значи „глад за допир“?

Психотерапевтот д-р Патриша Ле Гој објаснува дека „гладот за допир“ се јавува кога подолго време отсуствува физичкиот допир од други луѓе. Ова не мора секогаш да биде драматично, но се јавува како тивка придружба која го нарушува чувството на сигурност и поврзаност. Во партнерските односи ова е посебно изразено, бидејќи токму од партнерот очекуваме прегратка и нежност.

Од моментот на раѓање, допирот е пресуден за развој и емоционална стабилност. Блискоста го ослободува „хормонот на среќа“, окситоцин, и го намалува нивото на кортизолот, хормонот на стресот.

Според д-р Ле Гој, допирот смирува, дава утеха и гради чувство на поврзаност, и оваа потреба е вродена и трае цел живот.

Како недостатокот на допир влијае на здравјето?

Без редовен физички контакт, луѓето често страдаат од стрес, анксиозност и депресија. Недостатокот на окситоцин се поврзува до проблеми во регулацијата на емоциите, што директно се одразува на квалитетот на врската и меѓучовечките односи. 

Причини:

Недостатокот на физичка блискост во детството може да создаде несигурност и подоцна да го отежне примањето и давањето допир.

Слично, прекинот на врската, нагло ја намалува секојдневната физичка поврзаност, додека, пак, периодот на пандемијата го зајакна стравот од физички контакт и го продлабочи чувството на изолираност.

Решенија и мали чекори кон блискост

Стручните лица истакнуваат дека не е нужно потребата за допир да ја задоволуваме само преку романтична врска, и прегратката од пријателите, држењето за рака, масажата, игрите со домашното милениче, организираните средби или патувањата може да го намалат чувството на осаменост и да го поттикнат лачењето на хормонот на среќата, наведува порталот „Вери вел мајнд“ (Very well mind).

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Кореецот од ПСЖ е фудбалер на годината во Азија

Следно

Претседателот на “Илинден”-Тирана со јасна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.
Go toTop