ШТИПСКИОТ МУЗЕЈ ЌЕ ГО УРЕДУВА ЛОКАЛИТЕТОТ „КАЛЕ“ КАДЕ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН КАМЕН СО ГЛАГОЛИЧНИ БУКВИ

May 28, 2023
1 min read

Музејот во Штип грижливо го чува пронајдениот камен на кој се испишани глаголични букви, по истражувањата на познатиот македонски архелог Блага Алексова извршени пред 4 децени и истражувањата на штипските архолози започнати пред две години. Музејот изготвува проект за комплетно уредување на археолошкиот локалитет „Кале“ кај селото Крупиште на површина од 8 хектари и негово ставање во туристичката мапа на Македонија.

„На овој локалитет веќе се работи на конзервација на откриена ранохристијанска базилика, но сите досегашни истражувања говорат дека на овој простор среде оризови полиња се наоѓаат повеќе од десет такви цркви каде е пронајден и каменот со глаголичните букви. Веќе имаме проекти за разработка и натамошни истражувања на целата локација со кои догодина ќе конкурираме пред Министерството за култура за нивно одобрување, но со оглед на тоа што се неопходни големи финансии ќе бараме донатори и други извори на средства“, вели директорот на НУ Завод и Музеј Штип, Митко Штерјов.

Според Штерјов, во наредниот период во соработка со националните установи и Општината Карбинци во која се наоѓа локалитетот „Кале“ кај селото Крупиште, ќе се врати и каменот со глаголичните букви што сведочи за тоа дека на овие простори многу одамна постоела писменост. Истовремено, ќе се работи и за наоѓање и трасирање пристапни патишта и ќе се постави сета неоходна сигнализација за да може целиот археолошки комплекс да биде достапен и дури тогаш да биде ставен во туристичката карта на Македонија.

Во Музејот во Штип, заедно со каменот на глаголицата се чуваат и црковни книги стари по неколку века и сите се дел од новата изложбена поставка.

Т. ЈОВАНОВСКИ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси е најдобар стрелец во историјата на петте најсилни европски лиги

Следно

Чавушоглу гласаше на изборите во Туркије

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Изречени казни кон правни лица – загадувачи во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека Инспекторатот за животна средина изрекол казни кон правни лица – загадувачи во Скопје, отако во изминатите два дена биле спроведени силни и координирани инспекциски надзори

Божиновска: 2026 година клучна за праведната и зелената енергетска транзиција

Енергетската транзиција мора да се спроведува со јасна визија, прецизно планирање и силна институционална координација, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по денешната седница на Советот за праведна

Меџити: Интензивирањето на соработката со Албанија е од заеднички интерес

По официјалната посета, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ја пречека и Елиса Спиропали во просториите на општината. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални
Go toTop