Шпанскиот премиер Санчез рече дека нема да го дозволат планот на Трамп за Газа

February 15, 2025
1 min read

МАДРИД (АА) – Премиерот на Шпанија, Педро Санчез се спротивстави на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за присилно раселување на Палестинците од Газа, истакнувајќи: „Ниту една операција за недвижности не може да ги прикрие злосторствата против човештвото извршени во Газа“, известува Анадолу.

Говорејќи на настанот во Сан Себастијан што го организираше Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ), чиј генерален секретар е, премиерот Санчез рече дека „Шпанија нема да го дозволи“ планот на Трамп за Газа.

Повикувајќи на „почитување на меѓународното право, особено на хуманитарното право, во Газа како и секаде во светот“, Санчез рече дека „Палестинците треба да живеат во Палестина, а Израелците треба да живеат во Израел, во мир, хармонија и безбедност“.

„Ниту една операција за недвижности не може да ја прикрие подлоста, злосторства против човештвото и срамот од извршените во Газа последните години. Не смееме да го дозволиме тоа. Шпанија нема да го дозволи тоа“, рече шпанскиот премиер.

– Можност за мировни преговори меѓу Русија и Украина

Во врска со можниот почеток на мировните преговори за ставање крај на руско-украинската војна, кој се најде во врвот од меѓународната агенда по телефонскиот разговор на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Санчез нагласи дека доколку тоа се случи, „разговорите треба да се одвиваат во интерес и под водство на Украина“.

Бранејќи го мултилатерализмот од оние кои сакаат да се отцепат од меѓународното право, Санчез рече дека императив на Европејците е да бидат присутни на маса за сите видови разговори за безбедноста на Стариот континет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајановски изврши увид на автопатската делница во изградба Кичево – Охрид

Следно

Гвардиола: Секогаш сме биле послаби од Ливерпул и Арсенал

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop