Шпанскиот фудбал се врати на приходите од пред пандемијата на коронавирусот

May 4, 2023
1 min read

Шпанскиот професионален фудбал во сезоната 2021/22 речиси се врати на нивото на приходи кое го имаше пред пандемијата на коронавирусот, се наведува во годишниот финансиски извештај што денеска го објави Ла Лига.

Во извештајот стои дека 42. клубови од Првата и Втората шпанска лига во минатата сезона собрале вкупно 4.839 милијарди евра приход.

„Овој оперативен приход не ги покрива сите трошоци, но со загуба од 140.1 милиони евра, шпанските клубови забележале најнизок кумулативен минус меѓу петте најсилни европски лиги (Германија, Англија, Франција и Италија), пишува во извештајот.

Што се однесува до приходите, износот остварен во сезоната 2021/22 бележи раст од 22.6 отсто во однос на претходната сезона, која во голема мера претрпе последици поради коронавирусот. Под влијание на затворените стадиони, приходот тогаш се спушти под четири милијарди евра.

Главните приходи доаѓаа од телевизиските права, околу 1.7 милијарди евра.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Бели рози, солзи, аплауз, но и навреди кон Вучиќ на натпреварот Партизан – Реал во Белград

Следно

Искрено, се надевам дека книгата во својот вообичаен облик нема да исчезне од животот на идните генерации, рече академик Урошевиќ на отворањето на 35. Саем на книгата

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop