Шпанија: Поплавите во Валенсија уништија повеќе од 100.000 автомобили

November 11, 2024
1 min read

ВАЛЕНСИЈА (АА) – Разорните поплави оставија траги на уништување во Валенсија, при што се оштетени повеќе од 100.000 автомобили и големи подрачја од градот се претворени во автомобилски отпад, известува Анадолу.

Продолжуваат обидите да се отстранат десетици илјади оштетени возила што поплавите ги однесоа од улиците, гаражите и автопатиштата.

Историските врнежи што се случија на 29 октомври, особено во шпанската провинција Валенсија, предизвикаа излевање на реките и големи поплави. Огромните количества вода движејќи се кон Средоземното Море пустошеа сѐ пред себе како цунами, брзо поплавувајќи ги населбите и градовите.

Поплавите во Валенсија зафатија 75 општини и 450.000 хектари земјиште. Според Владата на Валенсија, тоа е област речиси иста по големина како и шпанските Балеарски Острови.

Десеттина дена по катастрофата голем број подрачја сѐ уште се прекриени со кал и отпад.

Според владините бројки, секој ден сè уште се спасуваат десетици луѓе од страна на безброј доброволци и најголемо мирновременско распоредување на воен персонал во Шпанија, во што се ангажирани околу 8.500 војници и околу 10.000 национални полицајци.

Досега шпанската Влада понуди 10,6 милијарди евра заеми и помош за обнова на уништените подрачја.

Поплавите беа предизвикани од невремето што ја зафати Шпанија повеќе од една недела, предизвикувајќи поплави во поголем број подрачја, меѓу кои Кадиз, Барселона и Жирона.

Според податоците што ги објавија локалните власти, повеќе од 220 луѓе ги загубија животите во несреќите предизвикани од поплавите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николов на важен состанок: Целта е да се намали листата на чекање за онколошките пациенти

Следно

ЈОРСМ: Истрага против јавен обвинител, донесена одлука за оддалечување од функцијата

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop