Шолц: Реториката на Трамп против Гренланд, Канада и Панама е причина за загриженост

January 12, 2025
1 min read

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека експанзионистичката реторика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која е насочена против Гренланд, Канада и Панама, е причина за загриженост.

Канцеларот во заминување на Конгресот на неговата Социјалдемократска партија на Германија (СПД) во Берлин рече дека претстојат „неизвесни времиња“ во односите со Вашингтон, оценувајќи дека „одредени сили во Америка“ работат „на уништување на демократските институции на Западот“, објави Блумберг.

Канцеларот посочи дека принципот на неповредливост на границите важи за секоја земја и дека тоа е суштината на западните вредности.

На партискиот конгрес на СПД, вчера, Шолц и официјално беше номиниран за кандидат за канцелар на претстојните парламентарни избори и беше усвоена изборната програма на партијата.

Кандидатот за канцелар на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, рече дека критиките нема да го вознемируваат Трамп и дека Германија треба да се фокусира на враќање на сопствената економска и воена сила.

Според анкетите, централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ (Христијанската социјална унија на Баварија) има околу 31 отсто поддршка од гласачите, екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) има околу 20 отсто, СПД 17 отсто, а Зелените 12 проценти.

Сојузникот на Трамп, американскиот милијардер Илон Маск неодамна ја поддржа AfD пред германските избори закажани за 23 февруари.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан: Туркије ќе го направи својот дел за да им го олесни на Сиријците тешкиот пат кој им претстои

Следно

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Гореше куќа во Крива Паланка, починаа сопружници

Latest from Blog

Општина Битола со поддршка од Владата ги подобрува локалните патишта

Општина Битола во тековната година освен своите програми, ќе реализира и проекти одобрени од вториот повик на Владата за изградба и реконструкции на патишта во населените места во општината. Изградба на коловоз

Општина Битола со апел до сопствениците на напуштени и небезбедни објекти

Општина Битола испрати писмено известување до 24 сопственици на куќи кои претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од куќа врз коловоз или тротоар во градот. Од Општина Битола очекуваат

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи
Go toTop