Шолц разговараше со Нетанјаху: Изразена е загриженост поради регионален судир

June 3, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц имаше телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Анадолу.

Во соопштението на портпаролот на германската Влада, Штефен Хебестрајт, се вели дека за време на разговорите Шолц повикал на континуирани напори за одржливо подобрување на обезбедувањето хуманитарна помош и здравствени услуги во Појасот Газа.

Шолц, исто така, рече дека го поздравува предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за прекин на огнот во Газа.

Шолц и Нетанјаху, исто така, разменија мислења и за случувањата во регионот на Блискиот Исток.

Германскиот канцелар изрази загриженост поради регионалниот судир.

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот изјави дека Израел ѝ доставил на палестинската група на отпорот Хамас договор во три фази со кој ќе се прекинат непријателствата во опколениот Појас Газа и ќе се обезбеди ослободување на затворениците.

Бајден апелираше до Хамас да го прифати договорот и го повика Нетанјаху да се спротивстави на притисокот од членовите на неговата владејачка коалиција што се противат на планот.

Кабинетот на Нетанјаху во петокот ја повтори својата намера да продолжи со нападот врз Појасот Газа додека не се исполнат сите воени цели на Тел Авив.

Хамас соопшти дека позитивно ќе одговори на секој предлог што вклучува траен прекин на огнот, целосно повлекување на израелската војска од Појасот Газа, напори за обнова, враќање на раселените и склучување сеопфатен договор за размена на затвореници.

Израел продолжи со својата брутална офанзива врз Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Автопатите на „Бехтел и Енка“ заглавуваат и во судови

Следно

Павловска Данева ја повлече кандидатурата за претседател на Уставен, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop