Шолц го увери Зеленски дека ќе има германска поддршка колку што е потребно

May 14, 2023
1 min read

Ќе ве поддржуваме сè додека е потребно. Оваа солидарност е трајна и е силна, рече Шолц по средбата со Зеленски

ФОТО: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Германскиот канцелар Олаф Шолц го уверил украинскиот претседател Володимир Зеленски за поддршката на Германија во борбата против руската инвазија врз Украина.

„Ќе ве поддржуваме сè додека е потребно. Оваа солидарност е трајна и е силна“,

рече Шолц на средбата со Зеленски во неговиот кабинет во Берлин.

Шолц рече дека Германија ќе продолжи да и помага на Украина на хуманитарен, политички и финансиски план, но и со оружје.

Тој укажа и на новиот пакет воена помош во вредност од 2,7 милијарди евра, што германската влада го потврди во саботата.

Шолц уште еднаш ја осуди руската инвазија на Украина и го изрази своето восхитување за херојскиот отпор што Украинците му го нудат на рускиот агресор.

Зеленски, кој претходно се сретна со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, се заблагодари за германската поддршка.

„Новиот пакет воена помош претставува многу важна и силна поддршка. Украинскиот народ секогаш ќе биде благодарен за поддршката на Германија“,

рече Зеленски на заедничката прес-конференција во кабинетот на канцеларот.

Тој објасни дека Украина во моментов работи на враќање на окупираните територии и објасни дека украинската армија не напаѓа цели на руска територија.

„Немаме ниту време, ниту сила, ниту оружје за такво нешто. Нашата цел е да ги вратиме неправедно окупираните територии“,

рече Зеленски.

Украинскиот претседател апелираше до Германија да придонесе за создавање „коалиција за испорака на борбени авиони во Украина“. Шолц реагираше воздржано, посочувајќи дека Германија ќе се фокусира на „системите за оружје испорачани досега“.

Во исто време, Зеленски нагласи дека Украина е подготвена за мировни преговори, кои мора да се засноваат на украинските позиции и мировниот план, што значи целосно повлекување на руските сили.

„Станува збор за војна што се одвива на наша територија“,

рече Зеленски.

Шолц најави дека попладне заедно со Зеленски ќе отпатува за Ахен, каде на украинскиот претседател ќе му биде врачена наградата „Карло Велики“, која се доделува на луѓе кои „дадоа посебен придонес во процесот на европското единство“.

Програмата на посетата на украинскиот претседател се чуваше во тајност до последен момент. Зеленски пристигна во Берлин од Италија со германски владин авион и придружуван од германски воени авиони.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ердоган гласаше во Истанбул: Да ја покажеме силата на турската демократија

Следно

Владината коалиција е стабилна и има 65 пратеници, вели Ковачевски

Latest from Blog

Меџити: Серава добива инфраструктура по европски стандарди

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид на завршените градежни работи во населбата Серава, каде што е комплетно асфалтирана улицата „ЛПК“. Во рамки на проектот се уредени и пусетите, како

Wolt: Прогресивен двигател на дигиталната промена во Македонија

Лансирањето на Wolt во Македонија претставува повеќе од појава на уште една апликација за достава, тоа е пресвртница во дигиталната и економската трансформација на земјата. Говорејќи на годишната eCommerce конференција во Скопје,

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако
Go toTop