Шоле: Постои голема разлика меѓу Република Српска и идната Заедница на српски општини

January 19, 2023
1 min read

„Морам да бидам јасен, тоа не е аранжман кој би наликувал на Република Српска“, изјавил американскиот советник на Стејт департментот за Н1, притоа не потенцирајќи ги можните надлежности на Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово

Специјалниот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле, во интервју за српската Н1 изјавил дека за Соединетите Американски Држави е важно да се формира Заедница на српски општини (ЗСО) во Косово, бидејќи сметаат оти тоа е во согласност на косовскиот Устав, но, како што нагласил, постои голема разлика меѓу ентитетот Република Српска и идната Заедница на српски општини.

„Морам да бидам јасен, тоа не е аранжман кој би наликувал на Република Српска“,

рекол Шоле во интервјуто за Н1.

Американскиот советник не сакал да зборува за деталите околу можните надлежности на Заедницата, велејќи дека тие детали мора да се договорат преку дијалог меѓу двете страни.

Фото: EPA-EFE/STR

Прашан за медиумските шпекулации околу т.н. француско-германски предлог, за кој претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека вклучува некаква форма на признавање на независноста на Косово, Шоле исто така, рекол дека не сака да зборува околу тоа.

Тој порачал оти САД го поддржуваат дијалогот со посредство на ЕУ, кој, според Шоле, е основа за преговори со цел нормализација и заемно признавање меѓу Косово и Србија.

На прашањето како да се постигне можното членство на Косово во Обединетите нации со оглед на противењето на Русија и Кина, тој рекол дека ќе биде тешко, но дека САД ќе продолжат да се залагаат за тоа.

„Напорите за повлекување на признавањето на Косово во меѓународната заедница се губење време и енергија“,

нагласил тој.

Во интервјуто за Н1, меѓу другото, Шоле ја истакнал загриженоста на САД за руското влијание на Балканот, а во таа насока рекол дека во последните години Русија покажала оти е подготвена да ги користи енергентите за да изврши негативно влијание.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЌЕ ЧЕКАМЕ ЦЕЛИ ДВА МЕСЕЦИ – еве кога е следниот неработен ден, особено испланирајте ги овие споени викенди!

Следно

Во 2002 г. биле „натпопишани“ 38 илјади лица, открива директорот на Државниот завод за статистика

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop