Шоферот ќе преживее, МВР трага по лицето кое пукаше во градоначалникот на Арачиново

April 2, 2024
1 min read

Полицијата трага по напаѓачот кој рани две лица среде бел ден. Неофицјално првични сомнежи за вооружениот напад врз градоначалникот на Арачиново се поврзани со стара расправија со семејство од селото. Во нападот се ранети возачот на Ридван Ибраими и еден од вработените во општината.

Очевидци раскажаа дека брзата реакција на лице кое во моментот на инцидентот било до градоначалникот кога почнале рафалните истрели му го спасила животот. Возачот на градоначалникот, Адвин Ајдини е веднаш префрлен на Ургентниот центар со прострелни рани во градите и таму му е извршена итна операција. Тешко повредениот Ајдини е на 21-годишна возраст и ќе го преживее нападот, информира од клиниката.

Обвинителството издаде наредби, а МВР вчера го чешлаше теренот. Се прегледуваа и безбедносните камери за да се фати пукачот од Арачаиново. Од тоа што е јавно познато е дека Ибраими има еден познат непријател, а тоа се членови на семејството Ајвази. Тие се членови на семејството на првиот човек на огранокот на ДУИ и поранешен градоначалник на општина Арачиново, Брахим Ајвази.

Извор: skopskoeho.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

На полноќ завршува рокот за поднесување листи за пратеници, ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список

Следно

Седлоски повеќе не е тренер на Работнички, на неговото место доаѓа Станиќ

Latest from Blog

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот
Go toTop