Шмит ја наметна одлуката за формирање влада на Федерацијата Босна и Херцеговина

April 27, 2023
1 min read

Претседателот на Претставничкиот дом на ФБиХ ќе свика итна седница, која ќе се одржи најдоцна до 28 април. Единствена точка на дневен ред на оваа седница ќе биде потврда на именуваната Влада, се наведува во одлуката

Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, наметна измени во Уставот на ентитетот Федерација на БиХ кои треба да го олеснат формирањето на владата на Федерацијата, како и носењето кривични закони во БиХ кои треба да спречат изборни измами.

Владата на Федерацијата БиХ не беше потврдена по изборите во октомври 2022 година, бидејќи претседателката на овој ентитет Лидија Брадара (Хрватска демократска заедница на БиХ, ХДЗ) од редовите на хрватскиот народ немаше согласност од двајцата потпретседатели.

Назначувањето на новата влада го одобри Игор Стојановиќ од редовите на српскиот народ, инаку член на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина (СДП).

Рефик Лендо од редовите на бошњачкиот народ, кој доаѓа од Партијата за демократска акција (СДА), која е во опозиција по општите избори минатата година во Босна и Херцеговина, го услови својот потпис со влегувањето на неговата партија на власт.

„Премиерот, потпретседателите и министрите на Владата на Федерацијата предложени од претседателката на Федерацијата на Босна и Херцеговина во предлог-одлуката што ја потпиша на 30 март 2023 година, а која беше договорена од еден од потпретседателите на 3 април 2023 година и изменета, се смета дека се именувани согласно член IV.Б.5 став еден од Уставот на Федерацијата“,

се наведува во одлуката на Шмит.

Во одлуката на Шмит е наведено дека владата на Федерацијата Босна и Херцеговина се избира со тоа што нејзиното именување ќе биде потврдено со мнозинство гласови од Претставничкиот дом на Федерацијата Босна и Херцеговина.

„Претседателот на Претставничкиот дом на ФБиХ ќе свика итна седница, која ќе се одржи најдоцна до 28 април. Единствена точка на дневен ред на оваа седница ќе биде потврда на именуваната Влада“,

се наведува во одлуката.

Високиот претставник во Босна и Херцеговина изјави дека Парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина „ќе даде се од себе“ да го започне процесот на измена на Уставот на ентитетот во согласност со неговата одлука, со цел да се спречат идни блокади во формирањето на владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина.

Одлуката, како што е наведено, ќе стапи во сила веднаш по објавувањето на веб-страницата на Канцеларијата на високиот претставник и во Службен весник на ФБиХ.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

САД со нови санкции против Русија и Иран поради држење на Американци како заложници

Следно

Шмигал: Украина е подготвена да ги започне преговорите за влез во ЕУ до крајот на годината

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop