Шмит ги повика институциите на БиХ да го заштитат уставниот поредок на земјата

March 6, 2025
1 min read

Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ), Кристијан Шмит, денеска ги повика сите релевантни фактори целосно да ги искористат достапните домашни правни инструменти со цел да се одржи и заштити уставниот поредок на Босна и Херцеговина.

– Имам непоколеблива доверба во способноста на државните институции на БиХ да дејствуваат, изјави Шмит за сараевскиот портал „Рапорт“, пренесе Бета.

Тој истакна дека усвојувањето на последните четири закони во Народното собрание на Република Српска (РС) „директно го поткопува уставниот поредок на БиХ и ги игнорира обврските на РС од Дејтонскиот договор“.

Одлуката на властите на РС да прогласат закони со кои, меѓу другото, на територијата се забранува работата на Судот и Обвинителството на БиХ, Високиот судски и обвинителски совет (ХЈПЦ) и Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА), ја предизвика најголемата политичка и безбедносна криза во БиХ.

Овие закони беа усвоени од Националното собрание на РС веднаш откако Судот на БиХ донесе првостепена осуда против претседателот на РС Милорад Додик за неисполнување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија

Следно

Трипуновски за Курир: Македонија ќе има бенефит од продлабочувањето на соработката со Унгарија

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop