Шестмината кандидати за претседател на ПАСОК ги доставија потребните потписи

September 10, 2024
1 min read

Со доставување на потребните потписи, шестмината кандидати за претседател на грчката опозициска партија ПАСОК-Движење на промена, доцна синоќа ги официјализираа нивните кандидатурите за изборите за партиски лидер што ќе се одржат на 6 октомври, јави дописничката на МИА од Атина.

Кандидатите потребно беше да достават најмалку 5.000 потписи или поддршка од 15 отсто од Централниот комитет на ПАСОК, а како што информираа од партијата, вкупно биле доставени над 62.000 потписи, што „навестува масовно учество во претстојниот изборен процес, што ќе ја зајакне улогата на ПАСОК-Движење на промена во политичкиот живот на државата“.

Актуелниот претседател Никос Андрулакис доставил 171 потпис од членовите на ЦК и 24.810 потписи од членови; поранешниот претседател на пратеничката група Михалис Катринис доставил 14.001 потпис; пратеничката Надиа Јанакопулу 8.286; поранешниот министер Павлос Геруланос 7.962 потписи, поранешната еврокомесарка Ана Диамантопулу 7.000 потписи, а градоначалникот на Атина Харис Дукас, кој победи на ланските локални избори, доставил 100 потписи од членовите на Централниот комитет.

Претходните избори во ПАСОК се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите постави цел партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и партијата остана зад СИРИЗА , Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври, а вториот круг доколку е потребно, да биде една седмица подоцна.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија не прифаќа преговори со Киев пред да ги истера украинските војници од Курск

Следно

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024, граѓаните да ги заменат навреме

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop