Шешов за МИА: Објектите градени со дозвола се сеизмички сигурни – слаба алка се дивоградбите и доградбите

February 18, 2023
1 min read

Од 90-тите години на минатиот век во најголем број случаи при изведбата на згради се почитуваат сеизмичките прописи, а од 2013 година Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) доби дополнително мандат од Владата да врши контрола за нивната примена, како при проектот, така и при изведбата, што заедно со одговорноста која сè уште постои кај најголем број проектанти и градежници, придонесува да имаме сигурни градби, вели директорот на ИЗИИС, Влатко Шешов, во интервју за МИА во однос на стравувањата кај граѓаните за сигурноста на објектите и почитувањето на сеизмичките стандарди при нивната изградба.

– Во едно вакво време во коешто живееме, каде што кај населението е изгубена секаква доверба во институциите, и градежништвото нормално ја дели таа судбина. Една од работите на коишто се должи таквото мнение кај јавноста, пред сè, можеби е во непланското градење, во недобро изработените детални урбанистички планови, каде што никнуваат објекти едни до други, онаму каде што можеби не ги очекуваме, и сега населението кога гледа такви објекти, мисли дека тие се небезбедни, вели Шешов.

Тој нагласува дека дури и населението да не верува дека објектите се безбедни, самиот факт што при серијата земјотреси што се случија во Скопје во 2015 година нигде немаше значајни оштетувања, покажа дека новите згради се безбедни.

– Тоа беше реална проверка какви ни се зградите. Бевме на терен на многу објекти како инспектори од ИЗИИС, имаше само неконструктивни оштетувања – на контактот меѓу греди, преградни ѕидови, паѓање негде на малтер…, што апсолутно е во согласност со техничките прописи, нагласува Шешов, додавајќи дека не постојат 100 отсто сигурни згради и во случај на земјотрес сите треба да знаеме дека ќе има оштетувања, но никако не треба да дојде до колапс на градбите.

Шешов потенцира дека Институтот е вклучен во надзорот уште од изработката на техничката документација и фазата на статистика, бидејќи сите проекти што се изработуваат во државата согласно Законот за градење мора да поминат контрола.

Шешов потенцира дека овие стандарди важат за објекти што се градат според план, но една од слабите алки во овој синџир кога станува збор за сигурноста се дивоградбите, доградбите и уривањето на внатрешни ѕидови во становите.

– Тоа се некои од, да кажам, клучните сегменти каде што мораме и требаме повеќе да работиме за да можеме да зборуваме за една генерална слика на сигурни згради. За овие нелегални градби, да ги кажам – дивоградби, повторно ќе се оградам – може се добри, може не се добри, меѓутоа не постои доказ за нивната сигурност. Информациите се многу оскудни, значи само со геодетски елаборат, со изјава од сопственикот и со сметки од комунално и од струја, се легализираат и се ставаат во фондот на објекти, вели Шешов.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати во земјотресите во Туркије се зголеми на 39.672

Следно

Пролетно време и денеска во Македонија

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop