Шентоп: „Балканот сѐ уште без трајни решенија за многу проблеми“

May 8, 2023
3 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Големото народно собрание на Република Туркије, Мустафа Шентоп, денес во Истанбул изјави дека сите оние што се занимаваат со валкани сметки, крвави поделби и поддржуваат насилство и неправда, секогаш ќе ја наоѓаат Туркије наспроти себе, јавува Анадолу.

Во својот говор на отворањето на Меѓународната конференција „Балкан и Европа: од заедничко минато до заедничка иднина“, која се одржа на Универзитетот во Истанбул, Шентоп рече дека многу проблеми што чекаат трајно решение постепено се продлабочуваат со глобалните и регионалните движења и дека овие проблеми се особено изразени на Балканот.

Истакнувајќи дека болните искуства од 1990-тите години по распадот на Југославија сè уште заземаат важно место во сеќавањето на сите, Шентоп рече дека иако се преземени многу чекори за да се ублажат тие страдања и да се зачуваат мирот и стабилноста на Балканот, трајни и ефективни решенија сѐ уште не се пронајдени за многу проблеми.

Велејќи дека проблемите во оваа смисла стануваат сѐ покомплицирани, а решенијата сѐ потешки, Шентоп рече дека „најконкретен пример за тоа е честата политичка блокада и кревката стабилност во Босна и Херцеговина“.

„Во последно време сведочиме дека некои актери ја тестираат кревката рамнотежа воспоставена во Босна и Херцеговина и во регионот со Дејтонскиот мировен договор, постигнат со меѓународна интервенција“, рече Шентоп.

Тој истакна и дека со сите околности во кои е постигнат и потпишан, спорно е колку во смисла на темелите за постојана стабилност е постигнато преку Дејтонскиот мировен договор.

– Ефектите од руско-украинската војна се длабоко забележливи на Балканот –

Глобалните и регионалните негативни ефекти од тековната војна меѓу Русија и Украина, рече Шентоп, длабоко се чувствуваат и на Балканот и носат некои важни ризици за стабилноста на регионот.

„Несомнено е дека Европската Унија го забрза процесот на интеграција на регионот, како со свесноста за овие ризици, така и со пресметување за да создаде нов одговор на променливите стратегиски рамнотежи. Како Туркије, ние, исто така, го поддржуваме овој процес, за кој веруваме дека може значително да придонесе за стабилноста и просперитетот на регионот доколку се спроведе искрено. Се надеваме дека сите балкански земји ќе станат членки на Унијата што е можно поскоро“, рече Шентоп.

Шентоп истакна дека зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот е исклучително важно и за Туркије, која претставува важен дел од регионот.

Нагласувајќи дека Туркије дава сѐ од себе за да ги одржи мирот и стабилноста во регионот преку промовирање на мултилатерализмот, Шентоп рече дека по овие болни искуства, за жал, не може да се каже дека другите балкански земји го постигнале истиот успех што го постигнала Туркије.

„Се разбира, важен фактор е тоа што не помина многу време од она што се случи во 1990-тите години. Меѓутоа, треба да се напомене дека заздравувањето на овие рани бара време, но за тоа е потребна посветеност на секоја заедница и сегмент во регионот. И покрај оваа потреба, некои политичари не се однесуваа разумно и одговорно во последниве години. Тажни сме што сме сведоци на ова“, објасни Шентоп.

– Мир на Балканот значи мир во Туркије –

Мустафа Шентоп нагласи дека мирот на Балканот значи мир за Туркије.

„Постепено ги унапредувавме односите со земјите од регионот, и на билатерален и на мултилатерален план. Од друга страна, и покрај сета оваа мирољубива, стабилизирачка и конструктивна улога што ја играме во регионот, обидите да се оттргне Туркије од Балканот и да се избришат трагите на Туркије од Балканот се присутни.“

„Потомците на оние што ги цртаа границите на хартија се обидуваат да исцртаат нови граници за Балканот. Има некои итри луѓе што се обидуваат да ги оградат своите дворови со лажни огради, концепти како Југоисточна Европа и Западен Балкан. Има и такви што ги закопуваат главите во песок кога се во прашање нашите сонародници во Тракија, има и такви што пишуваат извештаи за борбата против т.н. дезинформации и мешање во демократските процеси на изолација во ќошињата на Европскиот парламент и клеветење на нашите угледни институции, како ТРТ Ворлд, Агенција Анадолу и ЈТБ, со обвинувања дека манипулираат со народите на Балканот“, додаде Шентоп.

– Историјата на Западот му даде нова шанса да признае –

Посочувајќи дека постојат сили што сакаат да го нарушат мирот на Туркије и со тоа да ја нарушат нејзината концентрација на Балканот, Шентоп го заврши својот говор со пораката:

„Ги повикувам одовде. Сите на Балканот знаат дека сонцето на Балканот изгрева од Туркије, а заоѓа во Европа. Не сте виделе ништо освен крв и солзи на Балканот каде што немаше присуство на Туркије. Туркије презема чекори кон мир и стабилност не само во својот регион, туку и во целиот свет.“

Шентоп порача и дека нема да успеат оние што во предизборниот период се обидуваат на различни начини да ја изморат Туркије, да ја оддалечат од нејзиниот регион и да ја ограничат во нејзините граници.

На конференцијата присуствуваа ректорот на Универзитетот во Истанбул, проф. д-р Махмут Ак, ректорот на Универзитетот Мармара проф. д-р Мустафа Курт и ректорот на Универзитетот во Тракија, проф. д-р Ерхан Табакоглу.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фон дер Лајен утре во посета на Киев, ќе разговара со Зеленски

Следно

Во Франција одбележана годишнината од крајот на Втората светска војна

Latest from Blog

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила

И покрај „Иди ми… Дојди ми“ со Косово, нема исход за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

Министерот за правда, Игор Филков, на прашањето до каде е постапката за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои македонските судови ги осудија на доживотна казна затвор за случајот ,,Монструм”, рече
Go toTop