Шелева: Книгата „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми е напишана со лезет, со хумор и искуство, во мераклиски ритам

July 20, 2025
1 min read

Пред многубројна домашна публика и гости, синоќа во Охрид беше промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“, на Енис Хилми, добитник на наградата „Новите“ од издавачката куќа Темплум, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година.

„Книгата оддишува со шарм, но и со духовитост, што е навистина редок зачин во нашата книжевност. Пишувана од лезет, со хумор и искуство, во мераклиски ритам, која исто така со лезет и се чита. После толку прочитани дела, како критичар со изострен нерв и строг суд, се најдов пријатно изненадена од стилот, писмото, светогледот  на авторката Енис. Сакам да живеам во Македонија во која се пишува вака, интелигентно, духовито, урбано, забавно и поучно. Сакам да откривам луѓе, кои размислуваат волку широко и неоптоварено како Енис. Сакам што и кај нас постојат вакви жени, доволно смели и автентични за да бидат и останат СВОИ“, истакна промоторката, професор Елизабета Шелева.

Според Шелева, Хилми, низ нејзината наративна патека и интер-културална авантура, успешно како „риба“ плива низ повеќе различни јазици, места, домови и култури. За Шелева посебно значајно во книгата е присуството на длабок, автентичен респект кон културното наследство и брендот наречен Југославија. Во време кога многумина од оние што таа земја некогаш ги задолжила, денес ја „ишкаат“ како непожелна мува од „идентитетската“ капа, на други места во Европа Југославија прогресивно се рестартира во шареноликите и мозаични берлински муабети, друштва, ритуални или секојдневни практики.  

Промоторот Стефан Алијевиќ посочи дека Енис низ расказите, прогресивните ЈУ чувства ги претвора во одбранбен механизам против насилството на заборавот, испреплетувајќи ги  со добра доза на хумор, иронија и критика, како суштински елементи на современата книжевност. Со тоа оваа патописна проза, која гравитира меѓу мемоар и автофикција на моменти, ја збогатува нашата книжевна сцена, на која ù недостасува ваков тип на проза.

„Кога на едно новинарско прашање, тогашниот градоначалник на Берлин, Клаус Воверајт, одговори: Берлин е сиромашен, но секси, тоа беше токму она време, кога јас почнав да го откривам овој град, што не го засакав на прва, но затоа пак подоцна во него се вљубив доживотно. И токму во градот направен по мерка на човекот, со жестоко пулсирање на средната класа, со космополитизмот и културата, прогресивноста и отвореноста, мене ми се случи  повторно да ја сретнам и засакам и Југославија, која ионака многу ја сакав“, вели Хилми, додавајќи дека денес Берлин не е повеќе сиромашен град, но затоа знае сѐ уште да биде секси.

Во рамките на настанот организиран од Темплум, беше претставена и книгата раскази „Danse Macabre“ од Тина Иванова, за која зборуваше промоторот Мерсиха Исмајлоска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАГРАДЕНАТА КНИГА „БЕРЛИН, ГРАДОТ ШТО НЕ ГО ЗАСАКАВ НА ПРВА“ ОД ПИСАТЕЛКАТА ЕНИС ХИЛМИ, ПРОМОВИРАНА ВО ОХРИД

Следно

Акциска контрола на СВР Скопје, лишени од слобода 11 лица, од кои шест малолетници

Latest from Blog

Средба на Димитриеска-Кочоска со ММФ: Економијата со стабилен раст и јасна фискална рамка

18 март 2026, Скопје – Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средбa со претставници на Меѓународниот монетарен фонд на коja беа презентирани најновите макроекономски остварувања и фискални политики, како и проекциите за наредниот период.

Израел ја нападна најголемата иранска инфраструктура за гас (ВИДЕО)

Според него, целта на нападот била најголемата иранска фабрика за преработка на гас во покраината Бушер, објави „Тајмс оф Израел“. Реакција на Иран Иранската државна телевизија, исто така, објави за нападот. „Пред

Средба на Сиљановска-Давкова со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на која, како што информира нејзиниот Кабинет, се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како
Go toTop