Шекеринска: Жените подобро се справуваат со предизвиците

October 29, 2023
1 min read

реклама


Жените, мирот и безбедноста се многу поврзани со реалниот живот. Жените многу подобро се справуваат со предизвиците, тие треба да бидат погласни, но и да разговараат за феминистичките прашања, потенцираше вчера потпретседателката на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска на панел дискусијата „Влијанието на анти-родовото движење на агендата на жените, мирот и безбедноста“ во рамки на регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство во Скопје.

Шекеринска потенцираше дека борбата и аргументите се пред нас, можеме да се ангажираме со емоции и страст, но треба да имаме и отворено срце, бидејќи ако не ја отвориме вратата за сите жени, тогаш феминистичкото движење ќе ослабе.

реклама

Шекеринска: Жените подобро се справуваат со предизвиците, треба да бидат погласни и да разговараат за феминистичките прашања

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето излагање на конференцијата рече дека нивната заедничка цел е да ги соберат на едно место сите прогресивни жени и активисти, на еден заеднички фронт во борбата за еднакво и одговорно општество, базирано на европски вредности.

реклама

Тој посочи дека најголемиот позитивен чекор во унапредувањето и прифаќањето на прогресивните идеи за половата рамноправност е направено во периодите кога социјалдемократите се на власт.

Шекеринска: Жените подобро се справуваат со предизвиците, треба да бидат погласни и да разговараат за феминистичките прашања

реклама

-Усвоивме документи што отворија нови перспективи и први започнале со зголемување на процентуаната застапеност на жените во партиските органи, се до целосна рамноправна застапеност, со што се покажа дека се спремни да ја менуваат политичката и општествена стватност, а на ниво на МВР и БЈБ при МВР има жени на клучни раководни позиции, рече Спасовски.

Регионалната Академија е во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и ФЕС Дијалог Југоисточна Европа.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нетанјаху не даде јасен одговор за понудата на Хамас за размена на заробеници

Следно

ИПИС: Доколку следната недела има избори, за ВМРО ДПМНЕ би гласале 20.3 проценти, за СДСМ 11.3

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop