Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан им изрази сочувство на лидерите на Хамас во Доха

August 2, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Република Туркије, Хакан Фидан, во главниот град на Катар, Доха, се сретна со лидерите на палестинското движење Хамас и изрази сочувство за убиството на политичкиот лидер Исмаил Ханије во Техеран, јавува Анадолу.

Во соопштението објавено на профилот на турското МНР на социјалната мрежа Х се вели:

„Нашиот министер Хакан Фидан му изрази сочувство на вршителот на должноста шеф на Политичкото биро на Хамас, Калед Машал, во Доха“.

Во објавата се наведува и дека на средбата меѓу Фидан и Машал присуствувале Абдуселам и Хемам Ханије, синовите на Исмаил Ханије.

Во средата наутро, Хамас и Иран ја потврдија смртта на Ханије во воздушен напад на израелската војска врз неговата резиденција во Техеран, еден ден откако тој присуствуваше на инаугурацијата на новиот ирански претседател Масуд Пезешкијан.

Иако официјален Израел не се огласи за атентатот, премиерот Бенјамин Нетанјаху навести вмешаност на Тел Авив во убиството на лидерот на Хамас.

Политичкиот лидер на Хамас Ханије денеска ќе биде погребан во Доха, а катарските безбедносни сили презедоа интензивни безбедносни мерки во главниот град.

Многу улици и авении во Доха се затворени за сообраќај, а посебни безбедносни мерки се преземени околу џамијата „Мохамед бин Абдулвахаб“, каде што ќе биде извршен погребот по петочната молитва.

Настанот го следат претставници на бројни домашни и странски медиумски куќи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Предавање по повод 80 години АСНОМ во Куќата на Уранија во Охрид

Следно

Фидан за размената на затвореници: Туркије ќе продолжи да биде центар на мирната дипломатија

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop