Шефот на турската дипломатија Фидан: „Убивајќи го Ханије, Израел го уби и мирот“

August 1, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, вчера изјави дека Израел со убивањето на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, го убил и мирот, јавува Анадолу.

„Изразувам сочувство до неговото семејство, палестинската нација и исламскиот свет. И не треба да се заборави дека убивајќи го него, го убија и мирот“, изјави министерот Фидан гостувајќи во програма во живо.

Фидан истакна дека израелскиот премиер ја „зел Америка за заложник“.

„Нетанјаху е свесен за тоа. Ја зеде Америка за заложник. Доколку влезе во војна во Либан, САД ќе немаат избор освен да се вклучат во судирот за да го поддржат“, додаде шефот на турската дипломатија.

Лидерот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, е убиен во иранската престолнина Техеран вчера наутро. Хамас и Иран го обвинија Израел за убиството, но Тел Авив сѐ уште ниту го потврди тоа ниту ја негираше својата вмешаност.

Ханије, кој престојуваше во Техеран за да присуствува на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, убиен е во воздушен напад врз резиденцијата во која се наоѓал.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Локализиран пожарот кај Пехчево

Следно

Хамнеи наредил директен напад врз Израел поради убиството на Ханија, тврдат ирански претставници

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop