Шефот на руското разузнавање подготвен за разговори со шефот на ЦИА

January 25, 2025
1 min read

МОСКВА (АА) – Шефот на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), Сергеј Наришкин, денес изрази подготвеност да се сретне со Џон Ретклиф, новиот директор на американската ЦИА, доколку САД изразат интерес за таков состанок, пренесува Анадолу.

„Секогаш сме подготвени за преговори“, рече Наришкин на прашањето на државната новинска агенција Тас за евентуалните разговори.

За тековните контакти меѓу СВР и ЦИА, тој рече: „Имаме официјален претставник во Вашингтон, а Централната разузнавачка агенција има официјален претставник во Москва“.

Изјавата уследи по вчерашното положување заклетва на Џон Ретклиф на позицијата директор на ЦИА. Ретклиф (59) служеше како директор на националното разузнавање за време на првата администрација на Трамп, на функцијата беше од 26 мај 2020 година до 20 јануари 2021 година. Пред тоа, тој околу пет години беше член на Конгресот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова: Успешната приказна нека продолжи да се развива!

Следно

Медисон Кис го освои Австралија опен

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop