Шефот на НАТО: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025
1 min read

Средба Трамп – Путин во петок во Алјаска – се вжештува дебатата за територијална размена меѓу Русија и Украина.

Во пресрет на тет а тет разговорот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин за Украина на 15 август, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте порача дека во идните преговори нема да биде можно да се избегнат дискусии за областите под руска контрола. Руте го пофали Трамп и рече дека средбата е тест за да се покаже колку сериозно Путин ја сфаќа можноста за завршување на војната. 

Марк Руте генерален секретар НАТО – Кога станува збор за целосни преговори, да се надеваме дека петокот ќе биде важен чекор во тој процес… Ќе биде за територија. Секако, ќе биде за безбедносни гаранции, но и за апсолутната потреба да се признае дека Украина одлучува за својата иднина, дека Украина мора да биде суверена нација, одлучувајќи за својата геополитичка иднина. Претседателот сака да го заврши ова. Тој сака да стави крај на ужасната загуба на животи. Толку многу луѓе ги губат своите животи. Толку многу штета се нанесува. Го видовме претседателот Трамп како врши неверојатен притисок врз Русија. 

ЕУ денеска свика итен состанок на шефовите на дипломатии преку видео конференција, а шефицата на европската дипломатија Каја Калас претходно порача дека секој договор меѓу САД и Русија мора да ги вклучи Украина и ЕУ бидејќи станува збор за  безбедносно прашање за Украина и за цела Европа

И додека се уште виси – дали на масата во Алјаска ќе седне и Зеленски, Киев е загрижен дека Трамп и Путин би можеле да постигнат договор со кој ќе се бара од Украина да отстапи територија. Зеленски денеска порача дека Путин ќе се обиде да го измами Доналд Трамп.

Володимир Зеленски претседател на Украина – Русија ја одолговлекува војната и затоа заслужува посилен глобален притисок. Русија одбива да ги запре убиствата и затоа не смее да добива никакви награди или бенефиции. И ова не е само морална позиција – туку рационална. Отстапките не го убедуваат убиецот. Но, навистина силната заштита на животот ги запира убијците. Им се заблагодарувам на сите во светот што ни помагаат да останеме силни и што го приближуваат вистинскиот мир – мир преку сила. 

Високи дипломати за бриселски Политико, брифираа пак дека според предлогот на администрацијата на Трамп – Кремљ би се согласил на замрзнување на војната по линијата на Херсон и Запорожје, каде што Русија контролира помалку земја отколку во регионите Донецк и Луганск. За возврат, на Москва да  ѝ биде дозволено да го задржи Донбас.

Лидерите на ЕУ, веќе објавија став – со потпис на Макрон, Мелони, канцеларот Мерц, Донал Туск, Стармер, и фон дер Лајен, во кое порачаа дека патот кон мирот во Украина не може да се одлучи без Украина и дека  меѓународните граници не смеат да се менуваат со сила.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Топлото време влијае на работата на виталните органи и затоа има зачествување на мозочните удари

Следно

Меџити: Во Чаир се вложени 100 милиони евра за една година

Latest from Blog

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар
Go toTop