Шефицата за израелска политика во Мета се обиде да цензурира пропалестински објави на Инстаграм

October 22, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Шефицата за израелска политика во Мета, Џордана Катлер, се заложи за цензура на инстаграм-профилите поврзани со Студентите за правда во Палестина (SJP), група која одигра клучна улога во протестите во кампусите против тековната израелска војна во Газа, објави денес „The Intercept“, пренесува Анадолу.

Катлер, поранешна висока израелска претставничка, ги искористи каналите на компанијата за да обележи најмалку четири објави на групата и друга содржина критична за надворешната политика на Израел.

Означувајќи ги објавите на групата, Катлер континуирано ја цитираше политиката на Мета за опасни организации и поединци, која ги ограничува корисниците отворено да дискутираат за тајниот список со илјадници ентитети на црната листа.

Политиката за опасни организации ја ограничува „глорификацијата“ на субјектите од црната листа, но има за цел да дозволи „социјален и политички дискурс“ како и „коментирање“.

Останува нејасно дали напорите на Катлер да го искористи внатрешниот систем за цензура на Мета се успешни, бидејќи компанијата одби да го открие исходот од означените објави.

Иако Катлер не донесува конечни одлуки за цензура, за модерирање одговорен е друг тим, експертите за „The Intercept“ изјавија дека се загрижени вработени на високи позиции да ги застапува интересите на владата, и да врши притисок за ограничување на содржината.

Мета директно не одговори на прашањата на „The Intercept“ за постапките на Катлер. Портпаролката на компанијата, Дани Левер, го бранеше процесот на прегледи на платформата: „Кој означува одредена содржина е ирелевантно бидејќи нашите политики регулираат што е и што не е дозволено на платформата“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје

Следно

Чаби Алонсо заминува од Баер Леверкузен

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop