Шефицата на германската дипломатија: „Местото на Северна Македонија е во ЕУ“

March 23, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Баербок, истакна дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија (ЕУ), јавува Анадолу.

Баербок го истакна ова пред нејзината официјална посета на Северна Македонија.

„Исто како нашите други партнери од Западен Балкан, местото на Северна Македонија е во ЕУ. Поради тоа сме сериозни во оваа насока, веќе не треба да има никакво сомнение во формалниот почеток на пристапните преговори со ЕУ“, рече Баербок.

Таа нагласи дека високите очекувања и големата надеж на народот на Северна Македонија во врска со пристапниот процес е и можност и опасност за нив.

„Опасност бидејќи можеме да ги изгубиме Македонците за Европа доколку ние како ЕУ не ги исполниме нивните очекувања и покрај сиот напредок и болни отстапки понекогаш направени во последните 17 години. Можност бидејќи сите што се вклучени во процесот на проширување на ЕУ се свесни за тоа што е во опасност. Иднина во европското семејство, регион со стабилен просперитет и мир, право на самоопределување…“, додаде таа.

Баербок рече дека многу добро разбира оти дискусиите во Северна Македонија се водат со страст, особено кога станува збор за прашања во врска со идентитетот, историјата, јазикот и културата.

„Ова не е различно ниту во нашата земја и сигурно дека не важи за основните прашања, како уставните промени. Но искуствата покажуваат дека во вакви случаи најкорисно е политичките калкулации да бидат оставени настрана, да се фокусира кон јасна цел и да се води одлучна борба во оваа насока“, истакна Баербок.

„Широката поддршка што ќе се даде за уставните промени во Собранието на Северна Македонија ќе ја прати следнава порака не само во земјата туку и во целиот регион: Дефинитивно го сакаме членството во ЕУ и ќе направиме сè од наша страна за да успееме во тоа“, додаде шефицата на германската дипломатија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бербок пред посетата на Скопје: Ако ги изневериме, ќе ги загубиме Македонките и Македонците за Европа

Следно

Бајден во посета на Канада

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop